Кога Шевченко и Буфон пак се гледаа очи во очи како некогаш

На 15-ти септември 2023-та година во Љубљана се одигра хуманитарен натпревар на многу светски славни ѕвезди со цел собирање средства за настраданите од страшните поплави во Словенија во август таа година. Се собраа 3,5 милиони евра, на стадионот „Стожице“ во Љубљана имаше 16.000 гледачи, дојдоа многу светски ѕвезди.

Играа тим Сини против тим Црвени. Победија Сините 5:4 на пенали.

На натпреварот се појавија Паоло Малдини, Ерик Абидал, Ведран Чорлука, Хавиер Занети, Давор Шукер, Звонимир Бобан, Кларенс Сидорф, Миран Павлин, Предраг Мијатовиќ, Димитар Бербатов, Боштјан Цесар, Леван Кобијашвили, Миливоје Новаковиќ и Маркос Таварес кои играа за Сините кои од клупата ги водеше словенечкиот селектор Матјаж Кек.

За Црвените играа: Дејвид Џејмс, Дарио Срна, Немања Видиќ, Микаел Силвестре, Бранко Илиќ, Аљоша Асановиќ, Роберт Пирес, Луис Фиго, Оливер Бироф, Андреј Шевченко, Миленко Ачимовиќ, Хамит Алтинтоп, Мишо Бречко, Бојан Јокиќ, Дејан Савичевиќ, Марио Манџукиќ, Јоргос Карагунис, Ивица Олиќ и Роберт Корен.

Имено тогаш сите фудбалери излегоа на теренот заедно со дечиња од градинката „Менгеш“ кои претходно биле евакуирани од пожарникари на 4-ти август додека траеле страшните поплави.

 На овој натпревар во пенал серијата повторно како во големото епско финале на Лига на шампиони 2003-та меѓу Милан и Јувентус, се сретнаа Андреј Шевченко и Џанлуиџи Буфон, ден-денес големи пријатели:

 

25 март 2026 - 09:31