Дени Мусовски: „Во 2020-та беше недоразбирање, отсекогаш сум сакал да играм за Македонија“

Во опширно интервју за Флешскор, центарфорот Дени Мусовски кој е меѓу Топ 10 напаѓачи во фудбалското првенство на САД, МЛС лигата каде играат и легенди како Лионел Меси, Томас Милер, Кореецот Сон и Луис Суарез и кој беше МВП на лигата пред сите нив лани во 2025-та со дури 16 постигнати гола, вели дека отсекогаш сакал да игра за Македонија.

А токму во таа 2020-та година Офф.нет.мк меѓу првите го актуелизираше ова прашање за повик на Дени Мусовски и го адресираше до ФФМ.

30-годишниот Мусовски тогаш можеше да заигра дури и на првиот историски настап на Македонија на едно Европско првенство, но работите се изјаловија и тој никогаш не дојде.

Тој е роден во Хендерсон, во Невада од македонски родители. Како мал често доаѓал во едно крушевско село каде играл фудбал со децата на селските турнири.

Од Лос Анџелес се пресели во Реал Солт Лејк во Сиетл и сега доби нов договор. Сега селекторот Гоце Седлоски го повика 30-годишниот Мусовски кој конечно прифати да игра за Македонија. Ќе има голем предизвик, против Данска во Копенхаген во баражот за Светско првенство 2026.

„Навистина сум многу возбуден што ќе ја претставувам Македонија. Кога добив повик надвор од сезоната, беше нешто што многу ме израдува. Да се претставува една репрезентација е голема чест и да се добие повик од Македонија, посебно на големиве натпревари кои доаѓаат, е нешто што навистина ме возбудува. Сакаш да ја претставуваш земјата како и својата фамилија и самиот себе“, вели Мусовски.

За повиокот за Европско 2021 кога нит дојде нит се појави, а доби повик од тогашниот селектор Игор Ангеловски, Мусовски вели:

„Ме викаа за пријателски натпревар но тогаш бев среде плејоф сезона. Мислам дека лошо ме разбраа како да не сакам да дојдам, но тоа дефинитивно не е вистина. Беше нешто на што сум многу благодарен.

Всушност и не се слушнав со нив (со ФФМ) до сега, така што шест години подоцна, еве добив повик повторно да играм за репрезентацијата. Секако, многу сум благодарен и доаѓа во право време така што сум многу возбуден што ќе играм за мојата земја“, открива Мусовски.

Дали ќе дебитира во баражот со Данска е прашање со оглед на тоа што тој никогаш досега не играл за Македонија, сега првпат се запозна со соиграчите, со новиот селектор и со неговите тактички замисли.

„Дефинитивно мислам дека ќе победиме! Не мислам дека ниту еден професионален фудбалер верува дека ќе изгуби. Одиме во Данска со надеж да победиме. Данците се навистина одлична селекција, така што ќе биде навистина многу тежок натпревар. Но Македонија има добар тим исто, така што ако се претставиме добро, можеме да одиграме добро и се надевам да се пласираме на Светско првенство“, заклучува шпицот на Реал Солт Лејк Сити.

Неговиот тим после 5 одиграни кола во новата сезона има 10 бода (3 победи, 1 нерешена и 1 пораз) и е на шесто место на табела. Дени Мусовски досега одигра 4 натпревари во новата сезона за Реал Солт Лејк Сити и најчесто влегуваше од клупата за резерви. 

Flashscore

24 март 2026 - 09:50