Голем скандал го тресе чешкиот фудбал: Уапсени повеќе од 50 лица за кладење, местење и давање мито

Во здружена акција на чешката полиција, Високото јавно обвинителство во Оломуц кое ја води истрагата, Еуропол, Интерпол и единиците на УЕФА за борба против местење натпревари, утрово во Чешка почнала голема акција во која се приведени повеќе од 50 лица.

Се води истрага за местење натпревари, како и кладење на наместени натпревари на пазарот на Далечниот Исток.

Истрагата почнала во 2023-та година кога полицијата почнала да следи одредени лица поради траги кои водат кон кладилничарската мафија во Азија. Со текот на времето биле собрани откритија и докази и откривено било дека клубови местеле натпревари.

Се сомнева дека и одредени структури од Фудбалскиот сојуз на Чешка уште во мај се обиделе да предупредат одредени лица и клубови за тајната истрага.

Оваа акција не загрижува никого од раководството на Фудбалскиот сојуз на Чешка. УЕФА е известена за се и го пофали нашиот пристап во целата приказна. Вкупно 47 лица се соочуваат со истрага. Ќе сториме се да осигураме кладилничарската мафија да исчезне од чешкиот спорт“, рекол првиот човек на фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда.

Еден од осомничените бил и градоначалникот на градот Карвина, Јан Волф кој е и сопственик на истоимениот клуб од чешката прва лига како и играчите на овој клуб Самнуел Шигут и Матеј Хибле.

Меѓу осомничените имало и главни судии кои се наведени со име како и клубовите Злинско, Опава, Чешке Будејовице, Хлумец и Кидлину, Хрудим, Вратимов, Усти на Орлики, Фридек Мистек и други.

24 март 2026 - 14:11