После 9 богати години, Мохамед Салах заминува од Ливерпул

Најдобриот египетски фудбалер на сите времиња, Мохамед Салах дефинитивно ќе го напушти Ливерпул на крајот од актуелнава сезона. По спогодбен договор со управата, Салах ќе си оди и нема да потпише нов договор.

Триесет и три годишниот Салах ја соопштил оваа вест со цел што е можно потранспарентно да им објави на навивачите и на тој начин да им заблагодари за односот и да ги подготви за прошталниот натпревар пред крајот на сезоната.

Тој дојде во Ливерпул од Рома во летото 2017-та. Со бројот 11 на грбот стана еден од најголемите фудбалери во историјата на Ливерпул. Најзаслужен беше за 2 шампионски титули на црвените во Премиер лига, пехар во Лига на шампиони, трофеј на ФИФА Светско клупско првенство, пехар во УЕФА Супер Куп, трофеј во ФА Купот и два пехари во Лига Купот на Англија како и два во Комјунити Шилд.

На 435 натпревари досега постигна 255 гола и е трет најдобар стрелец на вечната листа на Ливерпул. Во четири наврати ја доби Златната Копачка во Премиер лига.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mohamed Salah (@mosalah)

25 март 2026 - 09:00