Сандерленд го победи Њукасл на гости во најтензичното дерби во Англија

Сандерленд и Њукасл го имаат можеби најголемиот ривалитет во Англија, ако се земе предвид меѓусебната омраза која навивачите и играчите на овие два клуба ја имаат едни против други. Во неделата Сандерленд победи после пресврт 1-2 среде „Сент Џејмсис Парк“ во Њукасл со гол за триумф на Брајан Броби во 90' минута.

Автобусот на Сандерленд кога играчите доаѓале на стадионот на Њукасл бил гаѓан со разни предмети и бил делумно оштетен:

Ова беше втор триумф на Сандерленд над Њукасл сезонава, после оној на домашен терен во декември лани и ова е првпат после 2014-та една од двете екипи да слави две победи во една сезона.

На последните шест дерби дуели во Њукасл, дури 4 пати славел Сандерленд како гостин, две средби завршиле нерешено па „црните мачки“ имаат учинок 4-2-0 на гости со гол разлика во нивна корист 11-3. Сандерленд освоил дури 14 бода од можни 18 на последните шест дуели во Њукасл. Во 2013 и 2014-та го разбиваа ривалот со 0-3.

Њукасл прв поведе преку Антони Гордон во 10' минута со 1-0 по катастрофална грешка на гостинската одбрана:

Израмни Талби во 57' минута:

Огромна радост во гостинскиот сектор донесе Холанѓанецот Брајан Броби со гол во 90' минута за победа 1-2:

23 март 2026 - 09:18