Offside

Тешка тема е ова на толку голмански легенди кои произлегоа во фудбалот, но за Џиџи нема дилеми околу првите три места.

Го видовте ли гестот на Роналдо со капитенската лента?

Ем што со два гола против Удинезе беше главен автор на победата на Јувентус, ем што во 80’ минута кога Гонзало Игуаин кој излезе од игра а беше капитен, Роналдо реши капитенската лента да не ја става на себе, туку му ја проследи на Матуиди, кој во тој момент беше играч со најдолг непрекинат престој во Јуве од сите на теренот.

Детево од Реал одлепи тоталка на израмнувањето во 95-та

Реал Мадрид синоќа успеа да се спаси од пораз на Местаља дури во 95-та минута. Пред голот се случи една мешаница од која профитираше Бензема, а за време на славјето највпечатлива беше прослава на 21 годишниот Федерико Валверде.

Контрата и голот на Фиорентина во 92-ра се врв

Имаа водство на непријатното гостување во Фиренца 84 минути и држеа два бода предност пред Јуве. Сè тоа падна во вода кога еден нов клинец ја прими на центар и одигра дрска соло акција, без пардон што покрај него трчаше Милан Шкриниар, а бранеше Хандановиќ.

Браќата од Гелзенкирхен им го честитаа јубилејот на Комити

Се следат, се поштуваат и се бодрат едни со други. Пријателството меѓу навивачите на Шалке и Вардар трае 15 години, а германските ултраси овој пат на средбата против Ајнтрахт Франкфурт со голем транспарент им го честитаа 20 годишниот јубилеј на Лојан Фанс.

Дејан му го расипа дебито на Гатузо

Џенаро Гатузо со пораз ја стартуваше тренерската авантура во Наполи кој продолжува со резултатската криза. Им пресуди големиот талент од Парма, 19 годишниот Дејан Кулушевски кој има македонско потекло. Прво гол, а потоа асистенција до Жервињо и тоа во 93-та минута.

Кога Кутињо ќе погоди тоа е спектакл

Баерн Минхен го потепа Вердер со 6:1. Се разбира дека Левандовски е стрелец, во случајов двоен, ама овој пат внимание заслужува Кутињо кој оствари хет-трик. Два од трите негови гола се доста јаки.

Барди испука проектил за победа на Леванте во финишот

Нешто слабо го има со голови сезонава, ама кога ќе погоди тоа е голчиште. Втор гол на Енис Барди сезонава во шпанското првенство и повторно мајсторски, овој пат бомба за триумф на Леванте на гости против Гранада од 1:2.

Е не со Гатузо ќе го заменат

Toa што е најлогично, разбирливо и за очекување, го направија со стил, ама и на (пред)време. Зошто да чекаат до 2022-ра, кога може уште сега да го осигураат на подолги стази. Така работи само голем и професионален клуб како Ливерпул.

Марадона како луто чиче што му смета галама

Во тренинг базата на клубот кој го води, Химнасиа Ла Плата, дошле десетина деца да земат автограм од него. Во целиот тој џагор, Диего се изнервира и им свика на децата дека нема да добијат потпис ако урлаат „Диего, Диего!“

ЕХФ се прашува колку гола ќе даде националниот херој на Македонија

Роден е на 10 мај 1980-та, а дебитираше за Македонија во 1998-ма. Од тогаш ѕверот има постигнато 1.431 гол во кариерата. Рекордер е по број на голови на двете најголеми натпреварувања. На ЕП 2012 со 61 гол, а на СП 2009 со 92, како и прв во ЛШ кој стигна до 1.000 гола.

Заработија од ЛШ колку што немаат годишен буџет за плати

Пред осум години беа во Серија Б. На Јуве, Милан и Рома им продадоа шестмина важни првотимци, ама повторно останаа силни и храбри и одиграа со страст и пот. Затоа сега го добија заслуженото и плус направија финансиски бум.

Убав деби гол во ЛШ на наш Никола во Јуве

17 годишниот Никола Секулов го дочека првиот гол во младинската Лига на шампиони каде Бјанконерите му пукнаа петарда на Баер Леверкузен. Македонецот кој за жал одлучи да заигра за Италија сам се избори за оваа соло акција.

Јуве не му ја мисли, најден е наследникот на Киелини

Роден е на 5 март 1998 година во турското градче Карамурсел. Има 21, а веќе игра како да има безброј сезони во кариерата. Антиципација одлична, снажен во воздушни дуели, уште појак на земја, долг чекор, сигурен на топка и уште подобри долги топки. Има и од кого да учи, а Јуве е среќен што го најде наследникот на Џорџоне.

Макпетрол ја продолжи победничката серија во дуелот со Водовод

Екипите на Макпетрол и Аџибадем Систина со победи го заокружија 11. коло од Бизнис лигата на Македонија.

Судија, па ова исто ко судар со камион

Илиониос - Мичиген, меч од Универзитетската лига на Америка. Главен јунак Кофи Кокбурн со 19 поени, 10 скока и 1 нокаут.

Лука Дончиќ го освои и Мексико, дечкото игра сезона од соништата

Словенечкиот репрезентативец ќе остане запаметен како прв играч кој остварил трипл-дабл на НБА меч одигран надвор од границите на САД и Канада.

На никој не му е јасно зошто ја фати со раце

Играч на Стандард синоќа против Арсенал беше свесен дека нема да стигне една долга топка, па ја прибра со раце ко на рагби. Топџиите креваа раце во стил што прави човеков, а овој изгледа мислеше дека игра со другарите кај Гуц. Е добро де, да не губиме време.

Каква Лига Европа бе, се знае на кои им е најјако

Неисцрпни се видеата кои излегуваат од прославата на Аталанта која е во транс. Па кое друго мало клупче кое доаѓа од град со 120.000 жители уште во деби сезоната успеало да влезе во осминафиналето на ЛШ. Погледнете го и Гасперини како откачил. Овој пат имаме снимка од соблекувална.

Јунајтед и Волвс до покер за само 10 минути, Рома едвај куртули

Гладбах испадна од ЛЕ со гол примен во 90+1' минута од Башакшехир кој направи голем подвиг. АЗ се држеше полувреме на „Трафорд“ а во второ Јунајтед им даде 4. Пресликан дуел и во Вулверхемптон.

Арсенал даде 2 гола за 2 минути и оди во следна фаза, Лацио испадна

И покрај тоа што губеа дури со 2:0 во 69' минута и беа на прагот да испаднат од Лига Европа, фудбалерите на Арсенал во неколку секунди постигнаа 2 гола и се спасија од бламажа.

Фабрика Карпош – ГИМ беа сигурни во дуелот со ЕВН

Сава Осигурување, Рамстор и Фабрика Карпош – ГИМ славеа победи во вториот ден од 11. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Во 3 часот пристигнуваме, жива душа нема да има на аеродром

Холандскиот фудбалер од средниот ред на Аталанта, Мартен Де Рон и неговата претпоставка за тоа дали ќе има некој на аеродром откако ќе се вратат дома со пласман во осминафинале во ЛШ.

Буфон и заушката за Куадрадо

Свири химната на Лига на шампиони, сите мирно стојат, само не се знае кој е поголемо дете, дали оние кои стојат покрај играчите или капитенот на Јувентус.

Клуб Бриж оди во Лига Европа иако во Лига на шампиони нема победа 400 дена

Со учинок од 3 нерешени, 3 порази и 12 примени гола, во конкуренција на ПСЖ, Реал Мадрид и Галатасарај, белгискиот шампион заврши трет и ќе продолжи на пролет во Лига Европа.