Поранешен македонски фудбалер ќе донира доручек за сите вработени во велешката болница

Знам дека ова не е многу, но сакам да ја разбудам свеста на сите добронамерни луѓе и заедно да ги испочитиваме луѓето кој што се секојдневно изложени на ризик.

Поранешниот стопер на Македонија, Панче Ќумбев повторно направи хуман гест за почит. Во ова кризно време, а од вчера официјално и вонредна состојба кој е прогласена во земјава, одлучи три дена по ред да дели доручек за сите вработени во болницата во Велес.

Велешанецот на својот Фејсбук профил напиша дека со ова сака да им се заблагодари на луѓето кои сега мора да работат турбо, а со тоа да ги поттикне колегите, но и сите други луѓе да помогнат на некаков начин за луѓето кои секојдневно се изложени на ризик.

Иницијатива!!!
Апел!!!

Сакам да покренам една иницијатива,воедно нека биде и апел до сите што можат.

Јас Панче Ќумбев со мојата фамилија одлучивме од среда до петок (значи три работни дена) да донираме доручек за сите вработени во ЈЗУ Општа болница Велес. Со овој чин сакаме да им кажеме едно големо благодарам на луѓето што се жртвуваат и даваат се од себе за наше добро во овој кризен период.

Воедно сакаме да ги поттикнеме сите добронамерни луѓе, бизнисмени, фирми од Велес исекој кој што сака да помогне на свој начин да го направи тоа. Нека ова биде еден вид предизивик за секој човек кој што е во можност финансиски да направи еден мал чин кој што многу ќе значи за нашите херои од Велешката болница.

P.s Воедно како претседател на синдикатот на фудбалери на Македонија сакам да ги поттикнам сите наши интернационалци и сите наши фудбалери и спортисти да помогнат колку можат на болниците од своите родни градови. Во овој момент на Македонија и треба помош. Јас сметам на вас.

P.p.s Знам дека ова не е многу,но сакам да ја разбудам свеста на сите добронамерни луѓе,и заедно да ги испочитиваме луѓето кој што се секојдневно изложени на ризик.

Јавна благодарност до директорот на ЈЗУ Општа болница Велес Др Божидар Бојаџиев за помошта во реализација на оваа иницијатива, воедно и апел на сите кој што ќе се одлучат да помогнат да се обратат до него.

Панче Ќумбев.

На некогашниот играч на Борец, Победа и Работнички не му е прв пат да донира. Му помогна и на поранешниот вардарец Венцо Симоновски – Кичо, а кога потпиша за Легија Варшава секој месец донираше и за народните кујни во Велес.

19 март 2020 - 10:04