Влаховиќ сезонава беше октритие на Фиорентина, постигна неколку убави голови и неколку пати беше биран во идеалниот тим на колото. На Инстаграм откри како сфатил дека има некои симптоми на вирусот:
„Бев дома, спиев и станав препотен со настинка. Измерив температура и имав 37. Се напив парацетамол и се јавив кај треба. Вечерта температурата скокна до 39, отидов во болница и така открив.
Мислев дека немам ништо. Во секој случај сега сум добро. „Што правам сега? Ништо, одмарам. 14 дена и сè ќе заврши. Морам само да бидам далеку од други лица и доволно е“, изјави преку стори на Инстаграм.
20-годишниот Влаховиќ е првиот фудбалер на Фиорентина позитивен на Ковид-19.
Сампдорија е најпогоден клуб од новиот вирус.