Offside

Чешкиот шампион Славија Прага постави нов антирекорд во Лига на шампиони откако и на 24-ти натпревар по ред не забележа победа. Чесите синоќа изгубија дома 0:1 од Виљареал и ја продолжикја серијата без триумф која долго им трае. А Слован има тринаесет порази по ред.

Во Чешка фудбал се гледа од коли на паркинг со пиво и хот-дог

Во средата се врати и фудбалското првенство на Чешка. Дербито на колото се играше во Прага каде Спарта ја пречека Викторија, но поинтересно беше во Плзен.

Тенис во Прага со препораки и мерки

Чешка беше една од првите европски земји која ги олабави строгите рестриктивни мерки за време на пандемијата од КОВИД-19. Таму веќе се игра и еден сериозен тениски турнир за жени.

Прицни ентер, пушти глас нека има од навивачи

Некои телевизиски канали за време на преносите од Бундеслига, решија во позадина да пуштаат аудио снимки од навивачки реакции, навивања, скандирања. Колку толку да им направат интересно на гледачите кога нема публика на трибините.

Кога Дражен Далипагиќ го победил Џордан

Малку е познат натпреварот меѓу најдобрите колеџ кошаркари од САД против најдоврите играчи од Европа, дуел на кој Далипагиќ го издоминирал младиот Мајкл.

Дриблингот на Караско со кој се завршува кариера

Атлетико Мадрид против ПСВ Ајндховен во групна фаза од Лига на шампиони. Јаник Фереира-Караско во еден момент шина еден противнички бек.

И тоа има - шкотски клуб со Твитер анкета прашува дали да го задржи голманот

Шкотскиот фудбалски клуб Ливингстон, познат во овие краишта преку обложувалниците, реши да се консултира со своите навивачи околу останокот на еден од голманите во клубот

Новинарката која го погали Федерер по гради па мораше да се извинува

Општо е познато дека спортските новинари немаат право да навиваат за некој од тимовите или играчите кои се натпреваруваат.

Светска класа бек - трчаше 35 км/час и го скроти Халанд

Баерн ја победи Борусија во Дортмунд со 0-1 по фантастичниот лоб-гол на Џошуа Кимих, ама Баварците за трите бода и сега +7 пред Борусија треба да му се благодарни најмногу на левиот бек Алфонсо Дејвис.

Карамбол па смешен автогол

Буквално во последните секунди од мечот Јан Регензбург - Нирнберг (2:2) во германската втора Бундеслига, по еден циркус во домашниот шеснаесетник, Тим Книпинг си даде ефектен автогол со глава и му дозволи на Нирнберг да однесе вреден бод во борбата за опстанок.

А Суарез кога бараше игра со рака од голманот?

На Копа Америка 2019, големо дерби Чиле против Уругвај. На теренот ѕвезди како Форлан, Кавани, Суарез, Алексис Санчез, Видал, Клаудио Браво. Во еден момент од првиот дел, Суарез пробува да го зезне Браво па уште и бара играње со рака од него.

Рик Бери - шампионот со најсмешни и најпрецизни слободни фрлања во НБА

Во 1975-та ги води Вориорс до прва историска титула во НБА и го бираат за МВП на финалната серија. Се памети по уникатниот стил на изведување слободни фрлања.

Како лисецот со кој Јувентус освои 15 трофеи за 12 години го насамарил Интер

Во 1994-та година Џани Ањели конечно излезе од стагнација (8 години беа без скудето) со еден потег: го назначи за директор Лучано Моџи. Во следните 12 години Јувентус освои 15 пехари.

Фудбал се игра и во Чаир и во Стразбур

Француските власти се во шок откако на Интернет се појавија видеа и фотографии на кои се гледа како стотици навивачи гледаат нелегален фудбалски меч и влетуваат во терен.

Кристијано веќе прави шоу на тренинг

По скоро два месеци пауза без тренинзи во клубот, Кристијано се врати од Португалија и веќе неколку дена тренира во базата на Јуве каде се спремаат за продолжување на Серија А.

После цели 76 дена, вечерва ќе има јак фудбал и големо дерби

Двата најголеми германски клубови, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен вечерва од 18:30 ќе се судрат на „Сигнал Идуна Парк“ во 28. коло од Бундеслигата. Овој Der Klassiker би можел да ја одлучи борбата за титулата

Ништо чудно да гледаме трет дуел Тајсон - Холифилд

Летово би можело да има сензационално враќање на двајцата ветерани во рингот, откако и Тајсон и Холифилд потврдија дека постојат некои разговори на темата меѓу нивните луѓе.

Бејл нит дал нит ќе даде поубав гол

Финале на Лига на шампиони 2018-та. Реал Мадрид го издоминира Ливерпул во Киев а круна на доминацијата беше страшниот гол на Велшанецот само 3 минути откако влезе во игра. Ова чудо од голчиште беше за 2:1 во 64“, а Бејл до крај даде уште еден во 83' минута за конечни 3-1.

Ден денес не е јасно како Дудек му одбрани на Шева

На епското финале во Истанбул на денешен ден во 2005-та година, на стадионот „Ататурк“, Јиржи Дудек во продолженија при резултат 3:3 прави нешто необјасниво. После на пенали бранеше како луд и Ливерпул стана европски шампион.

Штета што нема публика да го види ремек делото во Бундес

Викендов се одигрува ново коло по рестартот на Бундеслигата. Во саботата 5 меча, денес 3. На дуелот Шалке - Аугзбург уште во 5' минута гостинскиот играч Едуард Ловен имаше мајсторија од слободен удар.

Ефето на Ван Дајк момент на денот во Ливерпул

Фудбалерите на европскиот шампион Ливерпул меѓу првите клубови во Топ5 лигите во Европа започнаа со активни тренинзи и се спремаат за продолжение на Премиер лигата во јуни. Главен лик на тренинзите за сега е Вирџил Ван Дајк.

Акробација на Енис Барди на тренинг

Шпанските прволигаши веќе неколку денови се во полн тренинг и се спремаат за рестарт на Ла Лига, најверојатно на 8-ми или од 12-ти јуни. Енис Барди на тренинг 3х3 направи мало шоу и покажа дека е во солидна форма.

Како изгледа фудбалот во Унгарија во време на корона

Слично како и во другите пар земји кои продолжија или воопшто не запреа со фудбал за време на глобалната пандемија, без гледачи, со кукли на дување, картонски фигури и навивачки песни и аплаузи пуштани од разглас.

Одиме до Стокхолм да видиме што прави Ибрахимовиќ

Златан периодов е на релација Шведска-Италија, Милано-Стокхолм. Час тренира со Хамарби, клубот во кој неодамна купи пакет акции, час тренира со Милан, клубот со кој е под договор. Додека се прават планови како да продолжи Серија А, Ибра се вози со своето Ferrari Monza SP2 вредно 2 милиони евра.

Немало две полуди глави во иста екипа

Интер слави јубилеј 10-годишнина од најуспешната сезона во клупската историја. За тоа какви ѕверки тогаш играа за нераѕурите говори и фактот што на клупа и на трибини беа Марио Балотели и Марко Арнаутовиќ, двајца врвни фудбалери кои беа исто толку блесави.