Мајк Тајсон ја стаписа јавноста откако цели 15 години по неговиот последен меч, почна да објавува снимки од негови кратки тренинзи на кои се гледа како на 53 години удира како да има 23.
Интересно, „Челичниот Мајк“ најави дека ќе се врати во рингот поради хуманитарни цели, а целата приказна уште поинтересна ја направи Ивандер Холифилд (57).
Најголемиот ривал во кариерата на Тајсон, кој прво во 1996 со нокаут во 11 рунда му ја одзема светската титула во тешка категорија, а после во 97-ма и ја одбрани во познатиот 'Bite Fight' откако Мајк беше суспендиран зошто му одгриза парче од увото, вели дека се работи на договорање трета битка:
„Неговите луѓе ја започнаа приказната и веќе зборуваат со моите луѓе. Иако се уште нема никаков договор, се работи на тоа“, вели Холифилд за БиБиСи и продолжува:
Борба е можна ако тој сака. Ако јас го прашам дали сака да се бори, ќе испадне дека сум насилник што сакам да се борам со лик кој два пати го победив. Видете, ако ме удри ќе му вратам, тоа е боксот. Со брат ми да сум во ринг па ако ме удри би му вратил. Ако не сакате да ги примате моите бомби, тогаш подобро да не ми фрлате бомби. Кога ќе ме видете како изгледам во рингот на 58 години, ќе се прашате како е можно ова?“, вели Холифилд кој последната борба во кариерата ја имаше во 2011-та кога ја запиша 44-та победа во кариерата откако го нокаутираше Брајан Нилсен.
Легендарниот Тајсон веќе со години е далеку од боксот, негова главна занимација и преокупација се неговите огромни плантажи со марихуана во Калифорнија.
Мајк денес има 53 години. Тој на само 20 години во 1986-та стана најмлад светски шампион во тешка категорија. Неговата последна битка датира од 2005-та кога во 58. професионален меч во кариерата го доживеа шестиот пораз. Тогаш Ирецот Кевин МекБрајд беше поспремен од веќе истоштениот Тајсон.
22 ГОДИНИ ОД ЛЕГЕНДАРНАТА БИТКА КОГА ТАЈСОН ГО ГРИЗНА ХОЛИФИЛД ЗА УВО
ПРИКАЗНАТА ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ПРЕВАРАНТ И БОКСЕРСКИ ПРОМОТЕР ДОН КИНГ