Offside

Летнаа 17 дена од Светското или вкупно 72 натпревари од групната фаза. Голем успех за Конго, БиХ и Зеленортските Острови кои за прв пат се радуваат на мундијалска нокаут фаза, последниве како дебитанти. Уругвај и Турција разочaраа.

Мајсторски гол на Манасков на дуелот против Кире

Ракометарите на Веспрем ја добиja пресметката против Нант во Лига на шампиони со 28:24. Дејан и Кире дадоа по 5 гола, а сите зборуваат за магијата на крилото на македонската репрезентација.

Гол на Алиоски за Лидс па промашен пенал

Фудбалерите на Лидс Јунајтед се елиминирани во 2. коло на Лига Купот после поразот на пенали синоќа од Хал 9-8. По регуларните 90 минути семафорот покажа 1-1, а голот на Лидс го даде репрезентативецот на Македонија кој беше прецизен во 90+3' минута.

Инвеститори од Арапски Емирати влегуваат во најанти-арапски клуб во Израел

2020-та не престанува да изненадува. Израелскиот Беитар соопшти дека управата почнала преговори со група инвеститори од ОАЕ (Обединети Арапски Емирати), како продолжение на нормализацијата на односите меѓу двете земји која се одвива деновиве под покровителство на САД.

Банана број 1 на сезоната во НБА

Со победа од 117:114 Мајами ја отвори финалната серија во Источната конференција против Бостон, а потегот за кој сите зборуваат е оваа лудачка блокада на Адебајо, кој го залепи Тејтум.

Чудниот фудбалски пат на Жиле, го отпуштија од Бенфика, ги исфрли од Лига на шампиони

Она што му се случи на 24-годишниот Нишлија, некогашен бисер на белградски Партизан е само доказ колку фудбалот е необична игра во која некогаш не се пресудни моќта и парите.

Во Франција поради германската окупација нема ниту едно градско дерби

„Еден град - еден клуб“ е девизата под која многу години се игра француската Лига 1. Во Франција еден од најголемите дерби дуели е она меѓу Сент Етјен и Лион, градови кои се на 60 километри еден од друг.

Свесен ли е Лион каков мозок од дете има во тим?

На почетокот од годинава објавивме видео од еден тинејџер од Лион У-19, кој доби шанса во прв тим и излуде тројца играчи со нереално брзи потези. Еве го сезонава пак се јави и изгледа омилено му е кога го чуваат по тројца.

Кога Агуеро ги збудале навивачите со слалом на само 17 години

Мечот меѓу Индипендиенте и Расинг важи за второ најголемо дерби во Аргентина. Има едно од септември 2005-та, кое Индипендиенте го доби убедливо со 4:0. На него настапи тинејџер по име Серхио кој на само 17 години блесна таа сезона со 18 гола. Погледне што им направи на дербито.

Гол каков што ретко се гледа во годината

Ивор Вајцер со 32 години е еден од постарите напаѓачи во хрватската втора лига. После 4 кола овој шпиц на НК Опатија дал 3 гола од кои еден заслужено се врти по интернет.

Нов тениски инцидент, овој пат со удирање шише место топче

Французинот Беноа Пер беше доста нервозен во првото коло на Мастерсот во Рим, бидејќи не добил одложување на мечот откако 10 дена бил во изолација поради корона и не можел да се подготви доволно. Бесот го истури на терен.

Денвер е во финале, Мареј и Никола Јокиќ го срушија ЛА Клиперс

Со нова луда партија на Џамал Марај и со трипл-дабл учинок на српскиот репрезентативец, Нагетси одново издоминираа против ЛА Клиперс и тоа во решавачката мајсторка. Сега ги чекаат Леброн и Ентони Дејвис.

Нема поопасна левица од онаа на Дибала

Посебно во неговите голови е тоа што сите му се јаки, затоа што нема милост кога ќе се намести на лева. Затоа компилацијава е атракција за гледање. Пауло не се продава за ниедни пари. Секој негов гол е експлозија.

Голман, ти останува само да ја извадиш топката од мрежа

Во втора лига на Јапонија паѓаат евроголови како во најдобрите европски лиги. Кента Фукумори со мајсторија од слободен удар го матираше голманот на Албирекс Нигата. Неговиот Китакјушу на крај победи со 2:1.

Извештај од епскиот меч во Хрватска кој заврши 20:2 за тим по име Гај Маче

Прво што треба да знаете дека ова не е некоја пријателска на мајтап, туку официјален куп натпревар, едно коло пред осминафинале. Инаку начинот на кој се бранат гостите личи како мајтап. Тренерот е барем искрен: Играчите се такви какви што се.

Какви се расправиите во соблекувална кај Мурињо?

Документарниот серијал All or Nothing на Амазон за Тотенхем прикажува интересни епизоди од внатре во клубот, во просториите, канцелариите, соблекувалната. Жозе после поразот во првото коло од Премиер лигата со Евертон кажа како му е мило што конечно завршило снимањето во соблекувална и ќе може на раат да си бркаат работа. На ова видео се гледа расправија меѓу Деле Али и Ерик Диер.

Ројс влезе во игра и за 3 секунди даде гол

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс се врати на теренот после долго време отсуство поради повреда. И брзински постави нов рекорд во Германија. А рекордер синоќа стана и младиот Џуд Белингем.

Деби настапот на Ибра во ЛШ за Милан пред 10 години

По трансферот од Интер во Барселона, Златан направи кам бек во Милано летото 2010-та на крај на август. Само две недели подоцна, прв настап за Милан во Лига на шампиони и победа од 2:0 против Оксер со два негови гола за 3 минути. Каков старт. Па уште и Роналдињо со него во напад.

Сите зборуваат за деби голот на Џејмс во Премиер лига

Френк Лампард имаше убедлив старт во првото коло од Премиер лига со гостински триумф од 1:3 над Брајтон. Едно е тоа што направија јак трансфер пазар, а друго што вадат златни деца.

Кога ќе се упрпаш од своите навивачи

Коринтијас тргна лошо во бразилскиот шампионат и има само две победи по првите 9 кола. Последниот пораз им е од Флуминенсе по што настана голема мешаница и турканица пред нивниот клупски автобус. Навивачите им се сипаа, а овие фатија да бегаат внатре.

Нема голман за таков волеј од залет

Нема, тоа е, кога ќе му легне на играч на волеј, па особено ако е залетан како Јутака Јошида од Нагоја, тука голманот може само да ја вади топката од мрежа и ништо друго. Јокохама победи со 3-2 против Нагоја ама голот на мечот го имаше гостински фудбалер и тоа за водство од 0-1.

Фудбалер на Хамбург се качи на сред трибини да се тепа со навивачи

Во германскиот фудбал веќе пуштаат гледачи на стадионите иако во ограничен број. Ханза Рошток и Штутгарт играа пред 7.500 гледачи, а синоќа на меч од 1/32 финалето на германскиот Куп меѓу Динамо Дрезден и Хамбург имало 10.000 гледачи без дистанца и маски.

Каква култна фотографија - 16 години по испаѓањето, со иста слика во Премиер

Ливерпул и Лидс со 7 гола (4:3) со огномет ја отворија сезоната во Премиер лига. Новиот премиерлигаш го бодри и едно семејство кое пред 16 години направило фотографија со банер на кој пишува WE''LL BE BACK. И се вратија.