Кошаркарска мистерија од Нигерија, Шекил едвај чека да го види

Во претходните пар дена интернет го преплави видеото на кое се гледа младиот нигериски кошаркар Абидун Абегоке за кој се најавува дека наскоро ќе тргне на пат за Америка.

Абегоке тренира во младински развоен камп во Дубаи. Иако има само 14 години, тој веќе е висок 2.36 сантиметри, односно 5 сантиметри повеќе од највисокиот кошаркар кој некогаш играл во НБА, Георге Мурешан, Романецот кој играше за Вашингтон Булетс и Њу Џерси Нетс и во НБА помина цели пет сезони.

Во моментов највисок играч во НБА е Тако Фол од Бостон Селтикс кој има 229 сантиметри и буквално за две глави е повисок од повеќето кошаркари во лигата, но најчесто е резерва за тимот од Масачусец.

Видеото на кое се гледа како Адегоке забива меѓу првите го постираше Шекил О'Нил така што тоа значи дека животот на Абидун веќе никогаш нема да биде ист.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Big Naija (@bignaija)

Инаку New York Post пишува дека поради постојаните шеги на сметка на возраста на Адекоге, никогаш не може да се сфати колку тој навистина години има. Во Нигерија наводно медиумите пишувале дека тој имал 21 година иако самиот Адегоке тврдел дека е 14-годишник.

Но во 2016-та во некои новинарски извештаи во Лагос пишувале дека Адегоке има 17 години и дека е висок 2.18 сантиметри во тоа време. Извештајот бил наводно за студент во средно фискулутурно училиште во Лагос кој немал пари да го доврши школувањето и го напуштил училиштето.

Тој во моментов тренирал во MPAC Sports академијата во Обдинети Арапски Емирати и уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Во случај да се појави во НБА тој би станал и официјално највисокиот кошаркар кој заиграл во американската национална кошаркарска лига.

2 март 2021 - 09:03