Offside

Шпанија го владее фудбалот. Само во последните четири години освои Лига на нации 2023, Олимписки игри 2024, Европско 2024 и Светско 2026. Кога овие успеси ќе се спојат со клупските, резултатот е надреален.

Невиден гол досега во женски фудбал

Дваесет и четворогодишната Португалка од Спортинг Лисабон Телма Енкарнакао постигна феноменален погодок во УЕФА Европскиот Куп на гости кај Хамарби во Стокхолм. Натпреварот завршил 0-1 за Португалките кој исто така загубиле на првиот натпревар па загубиле и на пеналите во Шведска.

Врвен толкувач откри што викал Винисиус

„Зошто, зошто? Зошто мене? Зошто? (кон судијата)“ и „Срање, срање, тешко срање!“ кон фудбалерот на Бенфика Престијани после што овој се сокри со дресот и го навредил Винисиус веројатно на расна основа после што овој се жалеше кај судијата.

Анкета која најдобро го отсликува гневот на навивачите на Ливерпул

Ливерпул сезонава е непрепознатлив. Како актуелен првак на Англија е шести со само 2 бода повеќе од еден Брентфорд, надвор од зона на ЛШ и на 16 бода од лидерот Арсенал. Навивачите се бесни и разочарани до даска. Велат искрата исчезна, енергијата недостасува, а потрошени се 400 милиони. Еден од нив: Клоп ми создаде спомени, а Слот мигрена.

Голчиштето на Вулверхемптон и несреќниот автогол на Арсенал во 94-та

Фудбалерите на Арсенал направија голем и неочекуван кикс во 27. коло од Премиер лига. Прокоцкаа водство од 0:2 против последнопласираниот Вулверхемптон кој е удавен со 10 бода. Убав гол даде Хуго Буено во 61-ва минута, а потоа од карамбол топкава влезе во гол во 94-та минута. Му го запишаа како автогол на Калафиори.

Илоски мајстор, како Меси им ја свитка

Рекордерот во МЛС лигата со најбрзи 4 гола, кој е по татко Македонец. се истакна со нов атрактивен гол за Филаделфија, овој пат од слободен удар. Се реши за краток залет, во стилот на Лео.

По колку бода освојуваат Арсенал и Манчестер Сити во последните 12 кола?

Велат потешко е да се освои првенство од Лига на шампиони, бидејќи за тоа се потребна конзистентност од август до мај следната година. Нешто што веројатно на Топџиите очигледно им недостасува. Разликата меѓу Арсенал и Манчестер Сити сега е само 5 бода, но составот на Пеп има меч помалку. Арсенал на последните 7 меча има само две победи, пораз од Јунајтед и четири нерешени меѓу кои со екипи како Нотингем Форест, Брентфорд и синоќа Вулверхемптон. Погледнете ја оваа занимлива статистика од изминативе четири сезони.

Бодо Глимт го сруши и Интер, Клуб Бриж извади 3:3 со Атлетико

По сензациите против Манчестер Сити и Атлетико Мадрид, Бодо Глимт како дебитант во ЛШ оваа сезона, го суреди и Интер и тоа во првиот меч од нокаут фазата. Интересно, ова му се само три одиграни меча годинава, со оглед на тоа што сезоната во Норвешка заврши во ноември. Патрик Шик го реши Олимпијакос со два комада за 3 минути. Њукасл броеше до 6.

Младинците на Осогово слават трофеј во дресови на Бразил

Да ја разбиеме Олимпијадата малку со фудбалски Куп на Македонија, ама младински. Колегите од macedonianfootball.com, најнеуморната спортска редакција специјализирана за макфудбал, извади јака ретро фотка од 1996-та. На неа се младинците на Осогово, како на Градски го слават Купот на Македонија.

Јоханес Клебо го освои 10-то јубилејно олимписко злато!

Неверојатниот норвешки крос-кантри скијач Јонахес Клебо уште еднаш влезе во историските олимписки учебници откако на ЗОИ 2026 во Милано и Кортина денес со својот тимски колега Аинар Хедегарт го освои златото во екипниот спринт (6х1,6км) со што стигна до бројката од десет златни одличја од Олимписките Игри, подвиг каков што немал никој досега.

Го прашуваат Јокиќ дали ќе плаче кога Леброн ќе се пензионира

Кај него нема дипломатски, туку само директни, оригинални и искрени одговори.

Кажете ни дека ова со АИ е направено

Го изгледавме еднаш, два пати, три пати. И уште не ни е јасно.

Хаски ли е волк ли е на Зимски олимписки игри?

Секакви сцени гледавме на Зимските олимписки игри во Милано и Кортино ама една предизвика големо внимание. Животно се појави на патеката за време на крос-кантри скијањето конкретно во спринт дисциплината. Додека Хрватката Тена Хаџиќ го привршуваше својот настап хаски кое многу личи на волк потрча по натпреварувачките од Хрватска и Аргентина.

Велемајсторскиот слалом на Томба кој чудесно се спаси од паѓање

Алберто Томба важи за легенда во скијањето кој доминираше во 80-те и 90-те и освои три златни олимписки медали, две Светски првенства и девет титули во Светскиот куп. На патеката Арлберг во Австрија 1994, оствари победа која му го отвори патот до триумф во Светскиот Куп, на неверојатен начин. Направи грешка која речиси секој друг скијач би го принудила да се повлече. Тој не само што ја издржа, туку успеа да заврши прв, на што се чудеше на крај и самиот.

Чупко за најубавите емоции во Вардар и Македонија

Тренерот на РК Вардар 1961 беше стрелец на најважниот гол во клупската историја на црвено-црните во финале за европска титула 2017 против моќниот ПСЖ во последна секунда. Тогаш кога беше драма, кога адреналинот беше на највисоко ниво а некои и не гледаа што ќе се случи од трема, Чупиќ презеде одговорност. Неверојатен момент за Македонија. Иван Чупиќ сега со голем успех го води Вардар 1961 на три фронта.

Друг агол од инцидентот со Винисиус

Бразилецот синоќа го реши победникот и со еврогол му донесе триумф на Реал Мадрид против Бенфика 0-1 на гости. Ќе има реванш, а до тогаш ќе се зборува за инцидентот меѓу Винисиус и Аргентинецот Престијани. Ѕвездата на Реал откако постигна гол играше провокативно пред корнер знаменцето пред домашните навивачи. Потоа дофрлаше нешто до играчите на Бенфика па Престијани му врати прекриен со дрес. Винисиус пријави расизам па мечот беше во краток прекин.

Отаменди и Винисиус си ги мереа титулите

Винисиус: Јас имам две титули во Лига на шампиони. Отаменди: Да, ама види тука, јас сум светски шампион.

Србин и Хрват со лекција за обединување

Петар Пејиќ и Марко Ивковиќ застанаа еден наспроти друг како ривали на ММА меч, а се разделија како пријатели. Српскиот и хрватскиот борач си ги разменија дресовите и покажаа дека спортот не познава поделби. Коментаторот се воодушеви.

Еврогол на Винисиус и прекин поради расизам, Јувентус декласиран во Истанбул

Јувентус доживеа историски дебакл од 5:2 на гостувањето кај Галатасарај каде речиси пола час играше со играч помалку. Реал Мадрид ја совлада Бенфика 0-1 со гол на Винисиус кој набрзо потоа излезе од терен поради наводен расизам од страна на Аргентинецот Престиани. Мурињо доби црвен картон во финишот.

Бекам + Карлос = уметност

Да не знаеш дали е појак голот или асистенцијата.

Фото на денот

Пред 16 години, во 2010-та година фотографот Горазд Кавчиќ од Словенија направил фотографија која денес е култна. На неа се 17-годишниот Петер Превц, 13-годишниот Цене, 10-годишниот Домен и 4-годишната Ника Превц. Ова најславно семејство на скијачки скокови до денес освои 10 олимписки медали. Само во Милано и Кортина 2026 фамилијата Превц освои пет медали од кои дури три златни.

Како Јокиќ за малку го избегна Обама?

Никола Јокиќ свесно одбра заедно со Лука Дончиќ да не се уморуваат многу на ревијалниот натпревар на сите ѕвезди во НБА. Српскиот репрезентативец беше неколку минути во игра а во текот на еден дуел Девин Букер го оттурна па Јокиќ за малку ќе го сплескаше Барак Обама кој беше во прв ред.

Убав гест на МЗТ, му однесоа медал на навивач во болница

Претставници на МЗТ Скопје, предводени од капитенот Дамјан Стојановски, директорот Филип Ѓоревски и тренерот Васко Атанасов го посетија нивниот голем навивач Ристе Божиновски – Мачор. Му го однесоа пехарот од Купот на Македонија и му дадоа медал како мотивација во битката која ја води.

Не се дава дрес на секој

Навивач му приоѓа на Страхиња Ераковиќ од Црвена Ѕвезда за да му го бара дресот, а потоа прави потег, по кој фудбалерите со право треба да размислат дали треба да даваат дресови. Некој ќе ги поти, а друг ќе профитира.

Кафу жонглирал на Ол-Старот

Што време ќе беше, вели корисник на мрежата Х, легендарниот капитен на Бразил и Милан да дојде да учествува во циркуското шоу „натпревар меѓу познати ѕвезди“ како најава за Ол-Стар натпреварот.