Offside

Британскиот спринтер Ромел Глејв (26) е нов европски шампион откако славеше на трката на 100 метри на Европското првенство во Бирмингем. Пред домашната публика Глејв стигна до златниот медал што е негов најголем успех во кариерата. Трката ја одбележа и повреда на големиот фаворит за злато Ламонт Марсел Џејкобс од Италија.

Мурињо тргна да се кара со судијата, ама кога виде што држи во рака се тргна

Во жесток и тензичен меч со многу прекини, гужви и фаули, Наполи со 0-1 ја победи Рома на сред „Олимпико“ и ја продолжи серијата победи до 12 меча по ред. После средбата имаше гужва, кондициониот тренер на Рома бил исклучен, Рик Карсдорп го турна судијата Ирати а Мурињо во негов стил тргна да се расправа, ама кога виде што држи овој во рака, се тргна на страна.

Има едно добро познато правило на пинг понг

А тоа е дека не смееш да се потпираш на маса.

Одамна некој така не наместил некого во НБА

Мемфис Гризлис и Бруклин Нетс одиграа сјаен дуел со дури 258 поени. Победија „гризлите“ 134 - 124, а најинтересна епизода беше кога Џа Морант ја остави топката да лази и го намести Бен Симонс да му направи фаул за 6-та лична грешка поради која мораше да го напушти теренот.

Чудесна уметност со чекан и тесла од која произлезе Бензема

На првиот кадар ќе помислиш дека типов куќа гради, а на вториот дека го љупи ѕидот. Е го љупи де, ама чекај да видиш зошто.

И Меси е само човек од оваа планета

Видео од дружба меѓу најдобрите семејни пријатели Луис Суарез и Лео Меси со своите сопруги во ноќен провод.

Па таква радост не се видела во нивните клубови

Убавината на секој национален куп во секоја земја е тоа што малите добиваат единствена и ретка прилика да заиграат против некој гигант, а неретко и сензационално да го изненадат. Имаше историски чуда кога третолигаш или четвртолигаш го елиминирал Баерн Минхен, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Милан итн. А и шанса за некои локалци да се пробаат со светски ѕвезди.

Турчинот Енес Унал даде најубав гол од слободен викендов

Дваесет и пет годишниот Енес Унал е еден од оние големи таленти кои не се многу познати во јавноста. Тој од Бурсаспор потпиша со Манчестер Сити во 2015-та но не заигра ниту еднаш за премиерлигашот кој го позајмуваше во неколку клуба во Белгија и Холандија. На крај младиот Турчин си го најде местото во Шпанија. Прво во Виљареал, па во Леванте и Ваљадолид. Од 2020-та е во Хетафе и таму дава голови растура.

Кога акцијата е поубава од голот

Колон за наши простори е непознат аргентински клуб кој нема освоено ниту една титула. Ама погледнете ја оваа тимска хемија на терен. Толку добро го изработија Розарио што стрелецот на крај успеа со се топка да влезе во гол.

Нуркиќ сакаше да го понижи Ентони Дејвис или да го збуни?

Јусуф Нуркиќ одбра чуден начин на игра во одбрана. На мечот против Лејкерски, кој Портланд го добија со 106:104, Босанецот не само што го игнорираше својот чудар, туку и мртов ладен си го чепкаше носот. Како помина Дејвис од тројка? Ја изделка таблата.

Како Италијанците во студио објаснуваат спорна ситуација за пенал?

Се работи за мечот Рома - Наполи кој заврши 0:1. Гледајте ги што работат царевите за да го објаснат играњето со рака. Жртвата на клипот ко перика да има ставено или нешто слично. Е ова е ВАР, ама оригинален.

Асистенцијата на викендот ја има - Тарзан

Во португалска 3. лига на мечот Академика- Калдас кој гостите го добиле со 1-4, шпицот Жоао Родригез познат по прекарот Тарзан кој го носи на дресот направи асистенција каква што нема ни на најновите фудбалски видео игри.

Голот-бомба и лудиот обид на Осимен за Наполи

Наполи игра историска сезона и има 11 победи по ред во Серија А и Лига на шампиони. Го пребродија и тешкото гостување кај Рома на „Олимпико“. Славеа Наполитанците 0-1 со прекрасниот гол на шпицот Виктор Осимен кој во 90+4' минута имаше и обид за да го постигне најубавиот гол на сезоната во цела Европа. Од преку 60 метри!

Незапаметено во Аргентина, голманот на Ривер ѝ донесе титула на Бока

Фудбалерите, навивачите и целата управа на Бока Јуниорс еуфорично прославија шампионска титула по неверојатната драматична завршница во последното коло на аргентинското првенство.

Во Серија А ретко кога судија бил така нападнат

Наполи ја совлада и Рома на преполниот „Олимпико“ во Рим 0-1 со голот на Нигериецот Осимен и покажа дека е најсериозен кандидат за скудетото во моментов. Дербито во Рим помина со многу нервоза, турканици, прекини, а најголема беља направи холандскиот бек Рик Карсдорп кој по една мешаница, го турна главниот судија Ирати и му се внесуваше со глава.

15 годишно дете од МЗТ со атрактивно забивање во стилот на Џордан

Се вика Борјан Китановски, има 15 години, висок е 190 см и ја заби со толку голема леснотија, како ретко кој во јуниорската македонска кошарка. Секоја чест дете. Се работи за меч меѓу МЗТ и Струмица.

Јокиќ и на газот има очи

Нова НБА сезона, нови уникатни потези на двократниот МВП, кои се одраз на неговата интелигенција. Денвер го реши Голден Стејст со клучно тачдаун додавање на Србинот во финишот од мечот.

Акцијата на Меси и Мбапе за која се зборува

ПСЖ убедливо и лесно со 0-3 го победи Ажаксио на гостувањето во Лига 1. Тандемот Меси-Мбапе одново одигра во голем стил. Прво Килијан стрелаше на асистенција на Лионел, после Аргентинецот го зголеми резултатот на додавање на младиот Французин за да на крај Мбапе со втор гол на асистенција на Меси ги постави конечните 0-3.

Нов убав гол на маестралниот Миовски во Шкотска

Во моментов најдобриот македонски фудбалер, шпицот Бојан Миовски денес постигна нов гол за неговиот тим Абердин во шкотската Премиер лига. За македонскиот центарфор ова е осми гол сезонава и е втор стрелец во шкотското првенство, зад Антонио Чолак од Ренџерс.

Муту раскажа луда анегдота со Ибрахимовиќ од Јувентус во Виена

Адриан Муту, лудата глава на романскиот фудбал, во кариерата играше во големи клубови, освои важни трофеи, а остана познат по незгодниот темперамент кој многу го чинеше. 

Фрлање телевизори од прозор повеќе не е во мода

Фламенго го освои Купот на Бразил откако на пенали беше подобар од Коринтијас со 6:5. Да видиме што има ново по дома при еден така поголем наплив на емоции.