Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Рики влезе во клубот 100 на Динамо

Ја реши Ријека и голот му го посвети на Адеми. На Вардарци им плати хотелски карантин. За славјето на титулата го зема мегафонот и ја запали атмосферата меѓу играчите и Бед Блу Бојс. Тоа е Стефан Ристовски, човек за кој Динамо напиша дека има силна енергија и „хулковска“ цврстина во одбрана.

Цреп на денот

Луд натпревар одиграле двата најголеми словенечки клуба, Олимпија Љубљана и Марибор во финалето на тамошниот Куп. На крајот составот од главниот град стигнал до трофејот во продолженијата со гол од пенал во 123-та минута.

Франција во чудо: Лион од 1-4 до 5-4 со Монпеље

Фудбалските лиги ширум Европа полека стигнуваат до самиот крај и наскоро ќе се знае конечниот пласман во секое првенство. Во меѓувреме во француската Лига1 меч од соништата одиграа Лион и Монпеље. Такво нешто не се памети.

Фото на денот

Тоа е Неапол, градот кој живее со фудбалот и за фудбалот. 33 години го слават Марадона, човекот кој им донесе две Скудета. Кој знае колку долго ќе ги слават и јунаците на Спалети.

Физички дуел меѓу Јокиќ и газдата на Феникс Санс

Српскиот центар одигра рекорден меч со 53 постигнати поени во четвртиот натпревар од полуфиналето на Западот, но на крајот изгубија од Санс кои израмнија на 2-2. Јокиќ во еден момент од крајот на вториот период од мечот забележа како новиот сопственик на Феникс, Мет Ишби ја држи топката и не ја пушта за тој побрзо да ја изведе, па грубо му ја одзема од раце:

Јокиќ со луда партија со 53 поени, но Феникс го победи Денвер

Кошаркарите на Денвер Нагетс изгубија 129:124 од Феникс Санс во четвтртиот меч од полуфиналето на Западот и серијата сега е израмнета на 2-2 во овој дуел на тешкашите.

Незаборавна фешта во Неапол, Елмас во елемент со легендарниот економ на Наполи

По ремито во Удине, шампионите се прибраа дома и ја пречекаа Фиорентина. На стадионот Диего Марадона имаше спектакл кој ќе се памети. Играчите ги најавуваа еден по еден, а шоуто го украде популарниот економ и специјалист за наполитанско кафе, Томи Стараче.

Големи овации за Горан Пандев на славјето во Џенова

Македонската фудбалска легенда по грандиозниот пречек на „Џузепе Меаца“ во Милано, сега беше одличнo пречекан и од неговиот поранешен клуб Џенова која денес величествено прослави враќање во Серија А.

Балотели му се јави на Осимен за време на прославата

Нигерискиот напаѓач кој растури и стана голема ѕвезда во Италија, пресреќен и возбуден му вели на Балотели дека е збунет и не знае како да реагира и да се однесува во наполитанското лудило каде добива честитки од сите страни. „Направи нешто неверојатно и верувај ми дека уште не си свесен што си направил, ќе сфатиш за едно 10 години“, му вели поискусниот Марио.

А сте виделе прослава на титула со брод на суво?

Ова ќе трае со денови и кој знае уште што сè би виделе ако им текне да пуштат едно 100 дронови низ улиците на Неапол.

Насловните страни на најголемите италијански весници

Од Ла Република, преку Ил Матино до Кориере дело Спорт и Газета, десетина најчитани и реномирани печатени изданија во Италија утрово излегоа со насловни страни поврзани со титулата на Наполи, трета во клупската историја.

Спалети се расплака поради починатиот брат и се тргна од камерата

После 30 години кариера која му почна во Емполи 1993-та, 64 годишниот Лучано Спалети за прв пат ја почувствува магијата на Скудетото. Има две шампионски титули во Русија со Зенит, ама никогаш претходно во Италија, каде се радувал само на Куп и Супер Куп со Рома.

Долгиот тренерски пат до првата титула на Лучано Спалети

Со 64 години и 58 дена Лучано Спалети стана највозрасниот тренер кој освоил скудето во Серија А. Тој помина трнлив пат пред да го направи Наполи шампион.

Така лесно мислиш дека ќе го излажеш Столе од слободен

Само неколку дена откако повторно излезе победник против Барселона после двата триумфа минатата сезоната, а одбраната против Левандовски му ја избраа во топ 5 на колото, Рајо Ваљекано пак ја истакнува стабилноста на својот гол со Димитриевски. Синоќа славеа 2:1 над Ваљадолид.

Пристигнаа честитките од Пандев за Елмас

Горан Пандев и Елиф Елмас, тие се, нема други Македонци кои станале шампиони на Италија. Ако не држи добро меморијата веројатно и единствени со титула во топ 5 лигите во Европа. И двајцата заиграа за Наполи и беа дел од историското Европско за Македонија. Токму Елмас ја скрои акцијата по која Пандев го постигна тој незаборавен гол во Грузија. Секогаш имаше хемија меѓу нив двајца. 16 години помладиот Елиф го вика Горан „Бато“. Затоа честитката гласи така.

Како Наполитанец го губи разумот кога во прашање е Скудето

Еден загинат и околу 200 повредени е досегашниот биланс од славјето на навивачите на Наполи. Наполитанци се тоа и во такви моменти го губат паметот. Погледнете го што работи овој со детето.

Лучано Спалети - виноградинарот и земјоделец кој му донесе скудето на Неапол

Шеесет и четири годишниот тренер на Наполи конечно го направи она што со години се обидуваше - да освои шампионска титула во Италија. И тоа со клубот кој го чекаше скудетото од сезоната 1989/1990 кога Марадона го донесе трофејот на Југот.

Траорна атмосфера во Штарк арената, гледачите фрлаа цвеќиња на терен

Не беше синоќа дојдено до кошарка во Белград, а најмалку до навивање. Да не беше згуснат распоредот во Евролигата, дуелот меѓу Партизан и Реал Мадрид сигурно ќе беше одложен.

Во дрес на Јувентус отишол на сред прослава во Неапол

Млад Италијанец, познат по својот Јутјуб канал PirlasV лани отишол на прослава на титула на Милан среде Дуомо со дрес од Интер. Сега отишол во епицентарот на Наполи каде славело скудето во дрес Јувентус со број 9 на Влаховиќ. Присутните имале разбирање веројатно сфатиле дека е некој шоумен, јутјубер што год. На крај се гушка со тие околу него и поентира дека фудбалот е спорт, забава и дека Наполитанците не се такви какви што ги претставуваат насекаде.

Лудачката тројка на Кари и реакцијата на татко му

Голден Стејт го возрати ударот против Лејкерси и со победа од 127:100 израмни на 1:1. Најефикасен на мечот беше Клеј Томпсон со 30 поени и осум тројки, а Стефон Кари оствари дабл-дабл учинок со 20 поени и 12 асистенции и стана прв во историјата со 600 тројки во НБА плејофот. Нема позиција од каде што не може да погоди овој човек. Реакцијата на татко му кажува сè.

Спектакуларно видео од Неапол, ко да е кинеска Нова година

Градот од Југот на Италија славеше шампионска титула долго во ноќта. Илјадници млади, стари, мажи, жени излегоа на градските улици да го слават скудетото кое го сонуваа од далечната 1990-та година. Денес излегуваат мераклиски видеа од пиротехничките спектакли.

Лудилото во соблекувална, автобус и хотел низ објективот на Елмас

Елиф е во екстаза. На 23 години му успеа нешто за што сонуваат илјадници фудбалери. Ќе остане запишано во историјата: По Аргентинецот Диего Армандо Марадона, титулата со Наполи ја слави Македонецот Елиф Елмас. „Доаѓаме од мали земји како Македонија, Косово, Грузија, Словачка, Нигерија, Камерун и создаваме историја“, напиша Елмас на својот Инстаграм профил.

Што се случуваше на стадионот Диего Марадона кога Наполи го освои Скудетото?

Додека Наполи бркаше нерешено во Удине на гости, сосема доволно за математички да ја освои титулата, вистинската фешта се спремаше на стадионот во Неапол кој крцаше до последно место. Навивачите беа во делириум кога Виктор Осимен израмни во 52 минута, а потоа спикерот го означи крајот на спектакуларен начин.