Offside

Македонија ја немаше на Светско. Пречка во бараж полуфиналето беше Данска. Но, Македонија сепак имаше свој претставник таму. Тоа е Мијалче Дургутов. 10 од 10 има.

Барди јуначиште, го однесе Коњаспор во финале со гол во 98 минута

Коњаспор обезбеди место во финалето на Купот на Турција, откако го сруши Бешикташ на гости со 0:1. Јунак е Енис Барди, кој го замолкна Истанбул во 98 минута.  За трофејот ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Генчлербирлиги и Трабзонспор.

Емирати е во транс, Арсенал е финалист во ЛШ после 20 години

Арсенал дочека финале во Лига на шампиони после две децении откако го доби тешкиот мега дуел против Атлетико Мадрид. Човек на одлука Букајо Сака.

Шампионското кортео за швајцарското чудо по име Тун

Бајката на сезоната во Европа се вика Тун, кој ја слави првата шампионска титула во 128 години постоење. Ваков подвиг во Швајцарија, екипа да влезе од втора во прва лига и уште во првата сезона да освои шампионска титула последен пат се случил пред 74 години. Дел од оваа нејеројатна приказна е и македонскиот репрезентативец Елмин Растодер кој заврши како најдобар стрелец на тимот со 13 гола и со 7 асистенции.

42 години од најголемата тепачка која шпанскиот фудбал некогаш ја видел

Големото ривалство меѓу Атлетик Билбао и Барселона датира одамна. А кулминација на истото се случила во сезоната 1983/1984. Прво во септември '83-та Андони Гоикочеа познат како „касапинот од Билбао“ му влегува на Марадона толку грубо со лизгачки старт и му го крши зглобот на ногата на натпревар на кој Атлетик ја гази Барселона 4-0. Марадона паузирал неколку месеци. Следувала одмазда.

Еуфорија за Ѓоковиќ на првиот тренинг во Рим

Новак Ѓоковиќ се враќа во натпреварувачки ритам по пауза од два месеци. На Централниот терен на Форо Италика во Рим го одржа првиот тренинг, а на трибини полно како на натпревар. Не е секој ден прилика да се гледа во живо единствениот човек со 24 Гренд слем титули.

Ставете ВАР во пливање

Ама како се гледа и суди со ВАР на фудбал, ништо чудно да прогледаат низ прсти и за вакво нешто.

Како се кали пехарот во Премиер лига?

Ролеркостер се случува во жестоката битка за титулата во Премиер лига. Арсенал уживаше долго време на прва позиција, која прикрајот сам си ја загрози. Манчестер Сити синоќа киксна 3:3 со Евертон на гости и му го трасираше патот на ривалот. Сити игра со Брентфорд, Кристал Палас и Астон Вила дома, а со Борнмут на гости. Арсенал со Вест Хем и Кристал Палас на гости, а со Барнли дома. Со 3/3 е шампион, без разлика на резултатите на Пеп. Кој ли ќе го крене овој пехар?

Вембанјама постави историски рекорд во НБА: Залепи 12 банани!

Дваесет и две годишниот Французин со африканско потекло, Виктор Вембанјама со своите 224 сантиметри е еден од највисоките кошаркари во НБА лигата и еден од најдобрите. Главна одлика му се и блокадите кои ги дели како колачи. Синоќа во поразот од Минесота Тимбервулвс (104-102) стана прв играч во историјата на НБА кој залепил 12 банани во доигрување за титула.

Минесота после Денвер и Јокиќ, ги скротува и Вембенјама и Сан Антонио

Минесота Тимбервулвс забележа исклучително важна победа на стартот од полуфиналната серија на Западот против Сан Антонио Спарс на гости 104-102 и поведоа со 1-0.

Некои чудесии од потези само на тренинг може да се видат

Дечкото е Омари Хатчинсон од Нотингем Форест. Тој до него се држи за глава. Среќа што снимаат камери на тренинг.

Ај голманите ама и напаѓачите немаат лесни тренинзи

Обично е востановено мислење дека голманите имаат највеќе задача на тренинзи, ама и центарфорите мора да се р'ваат и макљаат со секакви карпи од штопери.

Како се сака клубот и кога се бори за опстанок

Шпанците се светски познати по големата страст за фудбал, а посебно оние во Андалузија. На натпреварите на Бетис и Севиља секогаш се полни стадионите, редовно се продаваат сите сезонски карти пред нова сезона. Без разлика на резултатите и кој е горе а кој долу на табела, трибините грмат.

Жоао Педро шоу за ублажување на поразот

Челси губи од кого стигне и сега се 9-ти на табела, откако се посрамотија и со 16-то пласираниот Нотингем Форест. Сините претрпеа пораз од 1:3, ама барем создадоа материјал за најавни шпици.

Сити киксна, Доку извади бод со две прејаки мајстории

Премиер лига дефинитивно ќе има драматична завршница, можеби првпат после долги години. Арсенал е прв со 76 бода, Манчестер Сити е втор со 71 бод но и натпревар помалку. Екипата на Пеп Гвардиола синоќа киксна кај Евертон на гости, одигра само 3-3 но ако се знае дека израмнија во длабоко судиско продолжение, резултатот и е добар по нив.

Уникатна шах-мат акција во три потези без да тапне

ЛАСК го освои Купот на Австрија по пауза од 61 година, откако го доби Алтах со 4:2 во продолженија. Погледнете ги што успеаа да изведат со само две додавања, од кое првото е од голман. Не тапна топката на земја. Како на мал фудбал го изведоа ова. Неверојатен гол.

Атмосфера за ежење на Сампдорија во втора лига

Некогаш ја тренираа Вујадин Бошков, Свен Горан Ериксен, Спалети, Мацари, Михајловиќ, Ѕенга. Славни имиња го имаат и носено овој дрес. Меѓу нив Манчини, Виали, Михајловиќ, Монтела, Руд Гулит, Кваљарела, Касано...Во 2023-та се смени сопствеништвото. Кусо време како тренери се пробаа Станковиќ, па Пирло. Но Сампдорија клизна во втора лига, каде не котира добро и на едно коло до крај успеа да се избори за опстанок, но затоа има сјајни навивачи. 37.000 грла во еден глас. Фантастично.

Спиеш ли мирно Новаче?

Ма каков Вимблдон, каков Роланд Гарос. Погледнете ја вие оваа тениска претстава.

Европа го доби новиот Лестер, шампион на Швајцарија од втора лига

Неверојатен успех остварија фудбалерите на швајцарски Тун кои ја освоија шампионската титула во оваа земја само неколку месеци откако во втора влегоа во прва лига и станаа најголемо изненадување на сезоната во Европа. Во нападот игра и македонскиот репрезентативен центарфор Елмин Растодер.

Бајката на Лукас Подолски крунисана со трофеј

Легендарниот Лукас Подолски ќе се оди во пензија со најдрагоцениот пехар освоен на самиот крај од кариерата. Неговиот Гурник го победи Раков со 2-0 во финалето на Купот на Полска и стави крај на „сушата“ која траеше цели 54 години! Еден од најтрофејните полски клубови не освоил титула во најмасовното национално натпреварување речиси пет и пол децении, а чека каков било трофеј уште од далечнаа 1988-ма.

Тројната круна на Киву за прв пат освоена во италијанскиот фудбал

Кога се зборува за тројна круна во Интер која Италијанците ја викаат „триплета“, се мисли на онаа на Мурињо, прва во историјата на клубот. Но, оваа со Киву е поинаква.

Хакан ги има потезите на Мајкл Џексон

Фудбалерите на Интер ќе одиграат три релакс натпревари во Серија А до крајот на сезоната. Како и да завршат, остануваат први. Титулата број 21 викендов ја обезбедија. Чалханоглу беше главен на подиумот.

Шеталицата на Кавадарчани која ги налути ФФМ и Вардар

Екипите на Тиквеш и Арсими 1973 одиграа возбудлив натпревар во Кавадарци, кој заврши со поделба на бодовите 1-1 (1-1) во рамки од 30. коло на Првата македонска фудбалска лига.  Навивачите на кавадаречкиот клуб, популарните „Лозари“ кренаа шеталица поради која делегатот на натпреварот бараше истата да биде остранета.

Кога Германците не можеле да се изначудат на Харлем Глобтротери

Од 1953-та година кога легендарните Харлем Глобтротери, кошаркарските чудотворци со баскет во рака првпат дошле во Германија, па до денес уште неколку пати едно по друго, гледачите не можеле да се изначудат на сите потези на овој патувачки циркус.