И Реал Мадрид направи шпалир за својот светски шампион

Иако на списокот шпански репрезентативци за првпат во историјата немаше ниту еден фудбалер од Реал Мадрид, сепак левиот бек Марк Кукуреља летово за време на Мундијалот потпиша со „кралскиот клуб“ и од Челси се сели во Реал. Во Шпанија на секој стадион каде има некој играч кој го освои Светското првенство 2026 му прават шпалир и тој на отворена сцена излегува со златниот пехар.

Реал Мадрид играше синоќа против Реал Сосиедад во шпанското првенство а шпалир имаше и за центарфорот на гостите Микел Ојарзабал кој беше клучна фигура во освојување на Мундијалот.

 

27 август 2026 - 15:27