Како ретко кога, во Лига на шампиони сезонава ќе нема македонски фудбалери. Последниот кој имаше шанса за пласман во групна фаза беше Никола Серафимов. Но, Левски беше убедливо поразен од АЕК Атина со 4:0, а мечот во Софија заврши без голови. Домаќините уште во 7 минута ја најавија голеадата преку Лука Јовиќ.