Норвешка со 2 екипи во Лига на шампиони покажа како се работи

Норвешка која важи за земја во која скијачките, зимските спортови се број 1, му покажа на континентот како е кога се работи вредно, чесно и на прав начин. Бодо Глимт и Викинг ќе играат во Лига на шампиони, Норвешка првпат со два клуба во ЛШ во ХХI век.

Норвешки Викинг со 3-1 го згроми Динамо Загреб и го исфрли од Лига на шампиони а на својата земја и овозможи да има два клуба во елитата.

Викинг на првиот дуел одигран во Загреб губеше 2-0 па брзо израмни на 2-2, а во реваншот губеше 0-1 па направи целосен пресврт за 3-1 и историски пласман во Лига на шампиони.

Во меѓувреме Бодо Глимт убедливо со вкупен резултат 6:1 го победи НЕК Најмеген во двомечот (3:1, 3:0) и заслужено оди во Лига на шампиони. Интересно последен пат два клуба од Норвешка во Лига на шампиони играа во сезоната 1999/2000 кога Розенборг и Молде стигнаа до друштвото на најдобрите.

Викинг во декември минатата година ја прекина долгата суша и освои шампионски пехар во Норвешка после цели 34 години.

Пласманот на Викинг во Лига на шампиони добива уште повеќе на тежина ако се знае дека на патот до таму го урнаа Динамо Загреб кој со години е редовен учесник на еврокуповите. „Модрите“ ќе останат без Лига на шампиони каде последен пат беа во сезоната 2024/2025.

„Викинзите“ во четврток од 18 часот ќе ги дознаат ривалите во своето прво учество во елитата откако е реформирана во 1992-ра година.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Viking Fotball (@viking_fk)

27 август 2026 - 09:34