Ова е највисоката победа во неколкугодишната историја на Интер Мајами од основање на клубот и првпат да постигнат 7 гола на еден натпревар. Лионел Меси постигна 4 гола, а стрелци беа уште и новајлијата Каземиро, Луис Суарез како и еден автогол на гостите од Монтреал.
Лео Меси сега е прв стрелец во МЛС лигата каде го помина Петар Муса од Далас.
Мајами има 5 победи по ред и е втор на табела на Источната конференција каде после 22 кола има 42 бода, 10 помалку од лидерот Нашвил и 5 повеќе од Чикаго.