Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Како е можно овој да игра во Премиер лига?

Па уште и во Челси. Се работи за Бенуа Бадијашил за кој Сините од Лондон, пази, на Монако во јануари 2023-та му платија 37 милиони евра. До крајот на првата сезона имаше 11 настапи во Премиер лига, а минатата сезона 18. Добро, што скаути ќе имаше овој Челси?

МЛС лига во САД и не е баш лига

На натпреварот Чикаго Фајр - Орландо Сити во американската МЛС имало многу смешен карамбол.

Најава за документарецот на Свен Горан Ериксон во кој се одјавува со проштална порака

76 годишниот шведски стратег со богата 42 годишна меѓународна кариера, на почеток на годинава соопшти дека има рак и дека не му преостанува многу време. За легендата очекувано ќе има документарец кој премиерно ќе биде прикажан на 23 август. Во него се појавуваат имиња како Манчини, Бекам и Руни.

15 години подоцна - сè уште најјака реклама во време на фудбал

Од година во година Лига на шампиони, Лига Европа а од скоро и Лига Конференции одат во пакет со добри, помалку добри и слаби реклами. Ама има една која и 15 години подоцна е врхунска. Првпат се појави за Супер Бол 2010 во САД.

Рафа Бенитез го мајтапи Карагер во студио

Шеесет и четири годишниот шпански тренер кој му донесе европска титула на Ливерпул, во студио со Гери Невил и Џејми Карагер збори за денешните луди суми кои се вртат во фудбалот. „Да сакате сега да купите играчи како Џерард и Кара, би ви требале 200 милиони... 180 за Џерард“.

Каде е и што прави Бобо Виери?

Одамна е смирен, се ожени, има и две деца. Или не?

Селекторот на кошаркарите на САД, Стив Кер на конвенција на демократите против Трамп

Еден од најголемите кошаркарски стручњаци на сите времиња, трофејниот Стив Кер кој летово освои и олимписко злато како селектор на САД, на политичка конвенција на Демократската партија во САД, во пресрет на претседателските избори во оваа земја, рекол:

УС опен веќе го има поенот број 1

Отвореното првенство во Њујорк стартува на 26 август, но домаќините може слободно да го прогласат овој поен за најдобар, постигнат уште во квалификациите. Магијата е дело на 21 годишниот Макс Касниковски од Полска, инаку 182-ри на АТП и тоа на неговиот деби Гренд слем како професионален тенисер. 

Кои се најтрофејни клубови во европските лиги?

Линфилд од Северна Ирска со 56 освоени шампионски титули во својата земја е најтрофејниот клуб во европските лиги. Следи Ренџерс со 55 па сите останати. Го има и скопски Вардар со 11 шампионски пехари. Ова е дело на Фејсбук страната „Енглески фудбал“.

Спектакуларно шоу на Партизан со симфонија

Ако некаде може да се доживее најјаката кошаркарска атмосфера во Европа и пошироко, тоа е дефинитивно на натпреварите на Партизан. Чекај да видиш како го најавија составот за новата сезона. Со помош на „Црно бела симфонија“ која ја изведе химната на Евролига, а потоа и неофицијалната химна на Гробари „Da volim crno-bele“. Многу моќно.

Конечно се дозна што се пее во химната на Лига на шампиони

Со бараж натпреварите за пласман во Лига на шампиони, синоќа започна елитниот турнир кој сезонава ќе има сосема нов, досега невиден формат во фудбалски рамки. Ќе дојде време и за тоа да го разглабиме. А сега во меѓувреме да го видиме новиот спот за новата сезона на ЛШ како и она што никој никогаш не го дозна. Што ли пејат во химната, на кој јазик?

Платини, Баџо, Дел Пјеро, Јилдиз - кој е младиот Турчин кој ја доби 10-та во Јувентус?

Јувентус го продолжи договорот со младиот талент, 19-годишниот Кенан Јилдиз до 2029-та година и веднаш направи потег со кој покажа колку му верува на младиот Турчин. Јилдиз дебитираше за Јуве пред помалку од една година, постигна по два гола во Серија А и Купот, а новиот тренер Тијаго Мота го гледа како клучен играч во новиот проект.

Романски изум за слободен удар

Михајловиќ се превртува во гроб.

Динамо Загреб имаат разработено одлична идеја од корнер

Синоќа против Карабах за влакно топката не сакаше да влезе во гол, но затоа против Горица им успеа.

Германски нисколигаш заработил вреќи пари од дуелот со Дортмунд во Купот

Во германскиот Куп првпат после години немаше сензационални победи на нисколигаши над познатите прволигаши на стартот од ова натпреварување. Баерн го совлада ССВ Улм 0-4 на гости а Борусија Дортмунд против четвртолигашот Феникс Либек играше во Хамбург на барање на ривалот.

Савињо брзињо

Малку техника и брзина имаше во Манчестер Сити со овие играчи, па уште докупиле бразилска млада сила од 25 милиони евра. Се вика Савињо, генерација 2004-та, член на Троја, кој минатата сезона настапуваше на позајмица во Жирона.

Богатството во ЛШ кое му се надзира на Динамо Загреб

Стефан Ристовски и Аријан Адеми се многу блиску до нова европска одисеја во најелитното клупско европско натпреварување. Само од пласман Хрватите ќе инкасираат дебела сума на пари.

Перо од прва рака за Дуда и Жељко

Трикратниот европски првак извади многу пикантерии од кариерата во подкастот „Bajkerot i Krosfiterot“. Ја освои Евролигата со Олимпијакос под водство на Душан Ивковиќ, а потоа и со Фенербахче кога тренер беше Жељко Обрадовиќ. Ретко кој спортист зборува волку опуштено и отворено, а плус и ги имитира. Открива дека Жељко од него барал да ја држи соблекувалната за да нема кланови. Потоа збор два и за Дончиќ и жена му, кога биле заедно на мекици. Интересно.

Синсинати без Ѓоковиќ и Алкараз ти е сиромаштија од тенис

За 1 час и 37 минути игра, Јаник Синер го победи Франсес Тиафо со 2-0 (7-4 и 6-2) и го освои мастерс турнирот во Синсинати. Турнирот помина некако незабележително. Има и зошто. Не учествуваа најдобрите. Погледнете ја оваа нивна лавовска битка во финишот од последниот сет минатата година во финале.

Колку сезонски карти продале италијанските клубови?

Серија А со години е неосновано омаловажувана од квази фудбалски зналци, а истата од година во година прави супер резултати на европска сцена и е при самиот врв според резултати во еврокупови. Еве колку сезонски карти се продадени досега кај клубовите во Серија А.

Како Тотенхем направи 6 измени со Лестер?

Во последниот натпревар од 1. коло од новата сезона во Премиер лига, во малото дерби Лестер и Тотенхем си поделија по бод (1:1). Гостите први поведоа, а Џејми Варди на 37 години постигна нов гол по новото враќање во Премиер лига сезонава. Тренерот на Тотенхем Енџ Постекоглу го искористил правилото во Премиер лига воведено во 2021-ва кое вели дека во случај на потешка повреда на фудбалер на теренот, тренерот ако направил и пет замени, има право на дополнителни две само во такви случаи.

Навивач на Интер се качил во погрешен воз

Јаден тој. Него супер прошол. Замислете ја сценава со Лацио - Рома или Бока - Ривер.

Кога почитта ќе застане на прво место

Август месец не е потсетник само на Олимпијади, туку и на други големи натпреварувања како на пример Светските првенства во атлетика. Ќе потсетиме на една незаборавна случка, која ретко се гледа во било кој спорт.

Ќе го стигне ли Реал неверојатниот рекорд на Барселона?

Реал Мадрид летово го доусоврши фантастичниот состав и сега има прави „галактикоси“ на терен. Ама тоа не е сигурност дека трофеите сами ќе си дојдат. Реал во моментов држи серија од 32 натпревари без пораз по ред во шпанска Ла Лига. Последен пат изгубија на 24-ти септември 2023-та од Атлетико Мадрид (3-1) и од тогаш немаат пораз досега. А на вечната листа со најдолги серии без пораз се трети.