
Photo: Epa images
Пред една година таков беше крилниот центар на Далас Маверикс, Пи Џеј Вашингтон кој уфрли 23 тројки од 49 обиди (46,9%!) во серијата со Оклахома и ги остави Тандер надвор од финалето на Конференциајта.
Далас тогаш не освои шампионска титула на крајот туку првак стана Бостон кој немаше да стигне до титулата без резервистите Дерик Вајт и Пејтон Причтард.
Токму бекот Притчард е таков играч за каков зборуваме, резервист кој може да „сипе“ некому 100+ коша во кратка плејоф серија и да заврши работа.
Мемфис Гризлис и Хјустон Рокетс имаат многу млади кошаркари спремни да се „распукаат“ кога никој не очекува. Наз Рид е многу важен резервист кај Минесота а ЛА Лејкерс во Остин Ривс има Х-фактор. Таков е и Чем Холмгрен, центарот на Оклахома Сити Тандер кој уште не бил на Ол-Стар натпревар.
Лидер на овие Х-Фактор кошаркари е Џамал Мареј, плејмејкерот на Денвер Нагетс кој веќе докажа дека неговиот тим може да биде права напаст за секој ривал кога Канаѓанецот го игра својот најдобар баскет, но и напаст за навивачите на Денвер Нагетс кога не игра воопшто добро.
ЏАМАЛ МАРЕЈ Е ПОЛН ПРОТИВРЕЧНОСТИ
Ѕвездата на Денвер Нагетс има необична кариера. Во последните шест години тој редовно пропушта по десетина меча поради повреда, а еднаш пропушти и цела сезона во целост. Притоа стекна солидна репутација благодарение на играта во решавачки моменти затоа што има цела колекција победнички кошеви.
Џамал Мареј стана шампион со Денвер Нагетс во тандем со неверојатниот Никола Јокиќ. Мареј тогаш стана прв кошаркар после Меџик Џонсон, Леброн Џејмс и Мајкл Џордан кој до финалето имал 20+ поени и 10+ скока во просек во плејофот на секој натпревар.
Но уште во првата пост-шампионска плејоф серија на Денвер Нагетс, Џамал Мареј изгледаше тотално неуверливо и имаше слаби настапи. А во серијата на второто коло против Минесота Тимбервулвс во нервоза дури и фрли термофор на паркетот од клупата за резерви и за тоа беше казнет со 100.000 долари.
Шокантното испаѓање од Минесота Тимбервулвс во седум натпревари не им пречеше на Мареј и Денвер да потпишат масивен договор на 208 милиони долари за четири години. Дури и во позадина на проблемот со формата Мареј го обнови својот личен рекорд во НБА и постигна 55 поени во февруарскиот натпревар против Портланд.
Канаѓанецот си го поврати националниот рекорд по број на поени на еден натпревар во НБА откако претходно во јануари лани Шеј Гилџес-Александер му го собори.
Џамал Мареј неделава полни 28 години, тоа е идеална возраст, зрелост и искуство во лигата. Но кај Мареј нема баш голем удел затоа што тој буквално секој натпревар го играше во зависност од тоа на која нога станал сабајлето.
На почетокот на регуларнава сезона 2024/2025 Денвер Нагетс во очи паѓа фактот дека Нагетс игра над очекувањата ако се види лошата форма на Мареј и недостигот на длабочина во составот.
Стручниот штаб предводен од тренерот Мелоун сериозно се обложува на младите Кристијан Браун, Џулиан Стротер и Пејтон Вотсон кои веќе покажуваат дека можат да му помагаат сериозно на Јокиќ. Браун дури и претендира за признанието за најдобар развој, Стротер е четврти играч во екипата по број на погодени тројки а Пејтон Вотсон е лидер на тимот по број на блокади.
На почеток на сезоната 2024/2025 Џамал Мареј тешко се движеше, не можеше да се одлепи во напад ниту од просечни одбранбени кошаркари а беше слаб и во реализацијата поради целото оптеретување од противнички одбрани. Повредата на ногата која му го уништи плејофот минатата година, се испостави дека е многу посериозна од што се очекуваше.
Но како што му се движи целата НБА кариера, така на крајот од февруари 2025-та Мареј ја крена многу високо формата и игра сјајна кошарка. Од почеток на годината има 22,4 поени во просек по натпревар и има елитна реализација на шут од игра.
Денвер Нагетс игра слабо кога тројца играчи се на клупа и одмораат во текот на мечот: Мајкл Портер, Кристијан Браун и Никола Јокиќ. На Нагетс им е тешко да го довршат мечот без Јокиќ.