Клубот од „Сент Џејмс Парк“ за своите фудбалери набавил нов клупски автобус марка Vanhool TDX21 Altano Coach. Цената? 500.000 фунти! Внатре мислиш си во атомски брод. Да ти е мерак да се возиш.
Њукасл синоќа изгуби од лидерот Ливерпул на „Енфилд Роуд“ 2:0 и малку подзастана во трката за 4-то место кое води во Лига на шампиони. Њукасл има 44 бода, два помалку од Челси кој е петти и три помалку од Сити кој е четврт.