Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Апсолутна кинеска пинг-понг хегемонија

Кинеската пинг-понг експедиција ја продолжи неверојатната златна ера во овој спорт. Кинезите и Кинеските со почеток од Олимписките Игри 2008 во Пекинг, па 2012 во Лондон, па 2016 Рио, 2020 Токио и сега 2024 во Париз прават дар-мар и ги освоија сите злата на Олимписките Игри. Шампиони се и шампиони и на Светските првенства. Еве еден фрагмент од сè-кинеско финале на Светско првенство кое неодамна се одржа во Макао.

Кој сака нека е, ние со 3:0 отвораме сезона

Со головите на Самуел Мбангула, Тимоти Веа и Андреа Камбиасо, Јувентус успешно ги запали моторите во првото коло против Комо. Излезе интересен податок. Четири пати во последните пет сезони стартуваат со овој резултат. Некој да не ја фати точен?

Зошто навивачите на Манчестер доаѓаат со бормашина на „Олд Трафорд“?

Култниот стадион веќе со години е во лоша состојба, односно на многу места покривот прокиснува при силен дожд па често во сезоната се случува по натпреварите навивачите дома да се вратат утоп мокри. А на последниот дуел со Фулам некој сезонец дошол со бормашинче за да си го стегне столчето кое било расклатено.

Варди им направи тонч на навивачите на Тотенхем

Лестер и Тотенхем одиграа 1:1 во првото коло од Премиер лигата. Навивачите на Тотенхем го провоцираа 37 годишниот Џејми Варди кој им даде гол, а тој ги ишамара поштено: „Лестер има 1 титула, Тотенхем 0“.

Ѓоковиќ се пакуваше и објасни што носи во торба за турнирите

На својот ТикТок профил, Новак Ѓоковиќ објави видео на кое објаснува што сè носи во огромните, широки, пространи торби за турнирите. Детално појаснува, а кажа и која книга ја чита во моментов.

Бразил го има мајсторлукот на сезоната

Запознајте го Алерандро од Виторија и погледнете какво голчиште му даде на Крузеиро. Во Бразил се надеваат и на Пушкаш наградата.

Дискусијата на ударното трио на Реал Мадрид

Реал Мадрид се лизна во 1. коло од новата сезона на шпанска Ла Лига. На Мајорка одигра 1-1 против истоимениот тим, а ѕвезденото трио Мбапе-Винисиус-Белингем на полувреме дискутирале како треба да играат. Додека Бразилецот и Французинот тактизираат, Англичанецот им вика: „Еј вие тројца, завршувајте побрзо работа напред зошто е е*ено тешко да се враќа назад“.

Мајката на Ѓоковиќ: „Имаше моменти кога му се закануваше албанска мафија“

Мајката на Новак Ѓоковиќ пред неколку години даде прекрасно интервју за Спортклуб. Меѓудругото раскажуваше за разни анегдоти од животот и кариерата на најстариот од нивните тројца синови. Имало и непријатни моменти.

Кандидатот за автогол на сезоната доаѓа од Македонија

Шкендија и Работнички одиграа 1:1 во 2. коло од новата сезона. Тетовчани поведоа благодарение на една ретко видена ситуација пред гол. Топката удри во едната статива, па во голманот и на крај во другата статива. И немаше да влезе, но Дин Аломеровиќ ја промаши со едната нога и ја бутна несакајќи со другата. Циркузи.

Не биди Јап Стам

Некогашниот стопер на Манчестер Јунајтед, Милан и Ајакс кој беше синоним за касапин и месар во фудбалот, 52-годишниот Јап Стам сега понекогаш го викаат како стручен коментатор во студио да анализира. Го прашувале кој е подобар Ван Дајк или десетина други најпознати светски стопери.

Уго Лорис брани во САД и веќе има 2 асистенции

Во четвртфинале на Лига Купот во САД, Лос Анџелес со 0-3 лесно го победил Сиетл Саундерс на гости. Легендарниот 40-годишен француски голман Уго Лорис кој има светска шампионска и светска вицешампионска титула со Франција, сезонава брани во САД. Веќе има запишано 2 асистенции за гол и двете за соиграчот од Лос Анџелес, Денис Буанга.

Вечерното дерби има подруг шмек

Вечните ривали Вардар и Пелистер се судрија уште во 2. коло од новата сезона во првата македонска лига. Го добија домаќините со 1:0, во прекрасна атмсофера на Градски, под рефлектори и со присуство на двете навивачки групи кои направија пиротехничко шоу. Комити како домаќини беа во драстично поголем број од Чкембари, а имаа подготвено и кореографија.

Англиски фудбал на дур

Во англиската Лига 2, односно четврта лига во фудбалската хиерархија играле Акрингтон и Харогејт. Мечот завршил 3:3 а еден од головите е после класичен англиски фудбал во воздух.

Голот на викендот падна во Турција

Дваесет и осум годишниот Бразилец Жоао Фигередо кој играл во Литванија, Грција, Обединети Арапски Емирати и сега е во Турција, викендов го дал најубавиот гол на колото во турската Суперлига. Неговиот Истанбул Башакшехир победил 4-2 против Аланјаспор а Фигередо постигнал прекрасен еврогол.

Ревија на евроголови во Хрватска, по Ристовски, бомба и на Пашалиќ

Како што почнаа фудбалите, така почнаа да се редат и убавите голови кон кои отсекогаш имаме слабост. Ријека ја совлада Истра со 4:0, а еден од најубавите голови на колото го постигна Пашалиќ. Да не дојде до забуна, не е ова поискусниот Марио Пашалиќ од Аталанта, туку Марко Пашалиќ кој и даде гол и на Македонија на пријателската на 3 јуни.

Мбапе - Надал, ветено сторено

Рафаел Надал е често на Бернабеу како навивач на Реал Мадрид, а синоќа беше и во Мајорка. Првиот дрес од дебито на суперѕвездата го ќари токму тој. Најверојатно на претходно договорена средба. Килијан дојде спремен и му го извади од ранец.

Одлична пас игра, ама голот да го погодевте?

Ѕвездениот тим на Реал Мадрид, ја отвори лошо сезоната како актуелен шпански и европски првак. Одигра само 1:1 на гостувањето против Мајорка. Родриго 13-та, Муричи 53-та минута. Анчелоти почна со Белингем, Винисиус, Родриго и Мбапе, четворка која звучи страшно. Во еден момент си поиграа со домашната одбрана, ама без резултат.

Таму најде да се олесниш?

На натпревар во Перу меѓу екипите на Канторсиљо и Авахун, еден фудбалер искористил мал прекин, за да отиде настрана крај аут линијата да се олесни. Противничките играчи го накодошија и го окрка. Главниот судија не толерира такви испади и му покажа директен црвен картон.

Падна првата четворка во историјата на кошарката

Крис Банкеро е стрелецот на првата четворка во историјата на кошарката, која ја постигна во Куп натпревар во Филипини. Се работи за шут од нова линија нацртана на 8,20 метри од кошот, додека тројката е на 6,75. За сега ова е експеримент на Филипинската кошаркарска федерација.

Ѓоковиќ со јак предизвик го насмеа словенечкиот ас Погачар

Триесет и седум годишниот најдобар тенисер на светот не чека многу. Олимпиското злато го прослави како доликува, а сега веќе ги почна подготовките за продолжение од сезоната. Новак е снимен и како вози велосипед во стилот на најдобриот светски велосипедист Тадеј Погачар. После првото видео му даде предизвик на Словенецот.

Фудбалот во Премиер лига пред Гвардиола

Лондонско дерби од едно друго време и со други играчи. Не дека не биле овие паметни, ама на никој не му текнува да го вклучи мозокот и да ја нагази топката. Работава кому иде.

Проектил на Стефан Ристовски за сите пари

Втор меч, втор гол по ред за Стефан Ристовски кој му тргна голгетерски во новата сезона. Голчиштево против Шибеник кој Динамо Загреб го доби со 3:0, падна во 6 минута и сигурно ќе биде кандидат за гол на сезоната во Хрватска. За Рики оваа бомба е веројатно и голот на кариерата.

Ѓоковиќ во 2012-та зборува за својата иднина

Свесен дека кариерата на еден тенисер е до 30-32 години, Новак изјавува дека нема лимити до кога ќе игра и дека тоа ќе го прави сè додека го води срцето во играта и желбата за победа. Вели најважно е да се има самодоверба.