
Словенецот Славко Винчиќ, еден од најдобрите светски судии добил покана да го суди дербито Галатасарај - Фенербахче. Винчиќ одсуди без грешка за што пофалби добил и од Мурињо после натпреварот.
Жозе изјавил како му рекол на делегатот, Турчин, дали забележал колку е подобро судењето со странски а не турски судии.
Дербито мина со шанси на двете страни, Душан Тадиќ, Чаглар Сојунчу и Фред имаа свои прилики за Галатасарај а Виктор Осимен не можеше да го совлада Ирфан Чан Егрибајат на другата страна.
На крајот мирољубиви 0-0 и по бод на двете страни. Ова беше првпат сезонава Галатасарај да не постигне гол во турското првенство. После 24 кола Галатасарај е прв со 64 бода а Фенербахче втор со 58 бода.
Навивачите на Фенербахче од гостинскиот сектор неколку пати ги гаѓале домашните гледачи со бакљи и петарди: