
Лукас Перез е фудбалер за кого сигурно ќе има убава документарна серија. Иако никогаш не беше дел од првиот ешалон на суперѕвезди, Перез има богата кариера во многу земји.
Перез е роден во септември 1988-ма, има 36 години. Кариерата ја започнал во Викторија во родната А Коруња. Во младинските категории играл за уште неколку помали шпански клубови а правата приказна му започнува во 2007-ма.
Потпишал договор со третиот тим на Атлетико Мадрид (Ц) а од таму отишол во Рајо Ваљекано Б. Постигнал преку 40 голови.
Фудбалскиот пат во 2011-та го однел во Украина каде ставил потпис на договро за Карпати Лавов. На 51 средба во две сезони прославил 14 гола.
Потоа го носеше уште дресот на солунски ПАОК, на Арсенал (11 настапи, 1 гол за топџиите), за Вест Хем Јунајтед (15 меча, 3 гола), Алавес, Елче, Кадиз и Депортиво Ла Коруња.
Токму во најсаканиот клуб Депортиво Ла Коруња од неговиот роден град реши да дојде во 2023-та година за да го помогне паднатиот див кој од трета лига на филмски начин во врати во втора лига. За тоа притоа и платил 500.000 евра со цел да го раскине договорот со Кадиз на негова штета и како слободен играч да дојде во Депортиво. (повеќе за таа неверојатна верност овде)
Стана апсолутен херој на навивачите на Депор откако со голови го врати од трета во втора лига.
На дебито (четврто враќање) за Депортиво Ла Коруња постигна два гола против Саламанка. А на 12-ти мај 2024-та постигна прекрасен еврогол од слободен удар во триумфот од 1-0 против Барселона Атлетик и со тие три бода обезбедија бараж за втора лига.
А во баражот постигна три гола во два натпревари против Кастељон и обезбеди пласман на Депортиво Ла Коруња назад во втора лига после цели четири години во трета лига.
Но јавноста во Шпанија сега е шокирана по едно откритие на Лукас Перез кој наеднаш преку ноќ смени средина и решил да отиде што подалеку од дома. Отиде во ПСВ Ајндховен, најголемо изненадување во Лига на шампиони сезонава кој го елиминираше големиот Јувентус.
Перез возел преку 1.800 километри со автомобил за да потпише 4-месечен договор со холандскиот шампион.
Во исповед пред новинарите раскажал дека на ваков потег да отиде во Холандија се решил поради тоа што имал големи семејни проблеми.
„Татко ми поднесе судска тужба против мене за финансиски барања. Јас пораснав со баба ми и дедо ми. Родителите ме оставиле како мал во сиропиталиште а грижата за мене ја презеле баба ми и дедо ми. Што се однесува до татко ми, тоа се случи со мајка ми кога потпишав со Арсенал. Не знам дали ова да го зборувам зошто уште трае судскиот процес.
Моето старателство беше кај баба ми и дедо ми, а баба ми му дозволи на татко ми да влезе во заедничко старателство. Сега тој од мене бара финансиска помош во многу голем износ.
Се појавив на рочиште, ме стигнаа многу тешки моменти. Татко ми имал кривични дела и јас ги искусив тие ситуации кога бев дете. Морав да го запознавам во А Коруња и тоа беа тешки времиња, не пораснав со родителите. Сега кога веќе сум созреан тоа веќе не влијае на мене.
Разговарав со клубот (Депортиво Ла Коруња) да се договараме друг пат (за барањата на татко му). Не сфатив дека клубот од мене бара писмена гаранција и немаше никаква смисла да продолжам“, вели Лукас Перез, сјајниот центарфор кој има преку 100 гола во различни првенства ширум Европа.
„Она што најмногу ме мачеше беа гласините. Дека одам во Рајо, дека е се готово... Дека сум го барал сите пари од мојот договор. Чувстував дека од некаде протекуваат информации но не знам. Сакаа да ме повредат и мене и навивачите.
После сево ова ПСВ покажал интерес и го испочитувал секој став за фудбалерот. „Потпишав раскин на договорот (со Депортиво Ла Коруња) на 22. јануари и ми требаше неколку дена да се преиспитам. ПСВ ми се јави на 30-ти јануари но им кажав дека не можам да се обврзам“.
На крајот Шпанецот конечно одлучил да замине од сите неволји во родниот крај.
Потпишал договор со ПСВ Ајндховен до крајот на сезонава. Ќе нема право да игра против Арсенал во четвртфинале на Лига на шампиони. Признава дека длабоко во себе и натаму сака да ја заврши кариерата во Депортиво Ла Коруња.
„Го сакам фудбалот, можев да отидем во една од оние помалку конкурентни лиги но тогаш пламенот во мене би згаснал“...