Избран е најдобриот тим на Ѕвезда на сите времиња, го има и Дарко Панчев

Моцартспорт организираше големо, регионално анкетирање со цел да ги формира најдобрите 11 во историјата на Црвена Ѕвезда и Партизан. Тренерот е Ѕвезда е легенда, инаку роден во Битола.

Во неколкумесечната работа на познатиот српски медиум, анкетирани се вкупно 90 новинари, односно 70 од Србија, 10 од Хрватска, БиХ, Македонија, Словенија и Црна Гора и уште 10 доајени.

Епилогот од најдобрите 11 во историјата на Црвена Ѕвезда е спакуван во формација 3-4-3.

Најголемиот број на гласови (93,3%) ги собрал Драган Ѓаиќ, а Дарко Панчев има 54,4%. Илија Најдоски го нема ниту на клупа. Од Македонија гласал Живко Здравковски.

Идеалните 11 во изборот на новинарите гласи вака: Владимир Беара, Бранко Станковиќ, Миодраг Белодедиќ, Синиша Михајловиќ, Рајко Митиќ, Драган Стојковиќ, Драгослав Шекуларац, Владимир Петровиќ, Дејан Савичевиќ, Дарко Панчев и Драган Џајиќ.

Клупа: Стеван Стојановиќ, Немања Видиќ, Владимир Дурковиќ, Владислав Богиќевиќ, Владимир Југовиќ, Бора Костиќ и Душан Савиќ.

Гласови во изборот добија и Илија Најдоски (8) и Бошко Ѓуровски (5), недоволно да влезат во тимот.

Во изборот на топ 11 на Партизан нема македонски претставници.

26 февруари 2025 - 09:17