Дончиќ му сервираше студена одмазда на Далас Маверикс

Целата светска кошаркарска јавност го чекаше првиот дуел на Лука Дончиќ против неговиот довчерашен тим Далас Маверикс. Во дресот на ЛА Лејкерс Дончиќ во Лос Анџелес синоќа беше одлично расположен и заслужен за триумфот 107:99.

Лука Дончиќ имаше трипл-дабл учинок со 19 поени, 15 скока и дури 12 асистенции. Дончиќ со неколку потези директно му се обраќаше на Ник Херисон, човекот кој буквално го протера од Далас Маверикс како Лука да не беше човекот кој им донесе големо НБА финале.

Дончиќ пред натпреварот, на загревање, со музика од Цеца, правел склекови пред Ник Харисон кој имаше коментари дека „со неспремни играчи не се освојуваат титули“.

Леброн Џејмс беше најефикасен во победничкиот тим со 27 поени и 12 скока. Остин Ривс имаше уште една сјајна вечер со 20 поени.

Кај Далас Маверикс кој уште игра без Ентони Дејвис кој се повреди набрзо по трампата со Лука Дончиќ, најефикасен беше Кајри Ирвинг со 35 поени и седум скока, а Клеј Томпсон уфрли 22 поени и осум скока.

ЛА Лејкерс имаше водство на полувремето но Далас Маверикс се приближи резултатски во вториот дел. Леброн Џејмс беше човек на одлука затоа што постигна дури 16 поени во последниот период, со едно забивање на две минути пред крајот при резутлат 102:96.

Дончиќ правеше склекови пред човекот кој го избрка од Далас

Хит акција на Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, како меме од филм

26 февруари 2025 - 08:50