Нов рекорд на Никола Јокиќ, никогаш не поделил толку асистенции

Денвер Нагетс им се врати на победите откако претходно ЛА Лејкерс им ја прекинаа серијата од 9 триумфи по ред. Нагетси во ноќта меѓу понеделник и вторник ја совладаа Индијана 125:116.

Epa Images
Epa Images
Epa images

Никола Јокиќ постигна 18 поени со девет скока и дури 19 асистенции што е негов личен рекорд во кариерата. Никогаш досега немал толку асистенции на еден натпревар.

Арон Гордон со 25 поени беше најефикасен кај Денвер. Мајкл Портер додаде 19 поени со 11 скока, Кристијан Браун имаше 17 поени и осум скокви а Џамал Мареј уфрли 16 поени.

Кај Пејсерс Мајлс Тарнер запиша 23 поени, Тајрис Халибартон уфрли 19 поени со дури 15 асистенции, Паскал Сијакам стигна до 19 поени а Арон Смит зад своето име запиша 17 поени.

Денвер Нагетс во моментов е втор на Западот со 38 победи и 20 порази а Индијана е петта на истокот со учинок 32-24.

Standings provided by Sofascore

 

25 февруари 2025 - 09:26