Дваесет и девет годишниот норвешки центарфор Александар Сорлот е гол-машина. Играше во еден куп клубови и секаде даваше голови. Од Розенборг, Бодо Глимт, Гронинген, Мидјиланд, Кристал Палас, Гент, па се до Трабзонспор, РБ Лајпциг, Реал Сосиедад, Виљареал и сега Атлетико Мадрид. Синоќа даде гол против Барселона во 90+3' минута во судиско продолжение за 4-4. Вели дека против Барса има 4 или 5 гола на гости и дека уште од сабајле кога станал знае дека ќе даде гол.