Имитираше мајмун пред Винисиус, затвор не му бега

Реал Мадрид е со една нога во големото финале на шпанскиот Куп на Кралот откако синоќа на првиот дуел го совлада Реал Сосиедад на гости 0-1. Стрелец на единствениот гол беше младиот Бразилец Ендрик во 18' минута. Натпреварот неколку пати беше прекинуван, најпрвин зошто домашните навивачи го навредуваа стоперот на Реал Мадрид Асенсио а после и по навреди кон Винисиус. Еден навивач од прв ред имитирал мајмун и имал расистички испади за што во Шпанија казните се страшни. Особено по сите скандали изминативе години.

На овој глупан не му бега доживотна забрана за влез на стадионот на Реал Сосиедад и плус сигурно парична и затворска казна:

Голот на Ендрик за победа 0-1 пред реваншот во Мадрид:

27 февруари 2025 - 08:02