
Го нарекуваат „убиствен инстинкт“. Малку луѓе го имаат тоа. Можеш да бидеш шампион и без да го имаш. Лери Бирд, Мајкл Џордан, Леброн Џејмс. Тие се најеклатантните такви примери. Дирк Новицки не баш. Што не значи дека не беше победник. Само еден друг вид на победник. Беше многу силен и супериорен. Но, и многу добар во душа. Добрината за малку ќе го чинела скапо.
Од Вурцбург до Далас
Германецот пристигнал во САД на 20 годишна возраст. Го открил човекот кој станал негов ментор, а тоа е Холгер Гешвинднер. Избран од Милвоки Бакс со бројот 9 на драфтот во 1998 година и веднаш испратен кај Далас Маверикс во трејдот што го донесе и Стив Неш во Тексас.
Влијанието во за него тој непознат свет и пред сè на реалност, тотално поинаква од онаа во која пораснал во малиот Вурцбург, било поразително.
Му била потребна една година за да се навикне на професионален начин на живот и за да го направи тоа, се фрлил со душа и срце во кошарката.
Раскинал со Сибил, Германката со која биле заедно со години и се затворил дома со мисла како да ги подобри перформансите на теренот.
Се лишел од одење на забави и вечери, па дури и ги ограничил патувањата во Германија за да ги посети своите родители за време на вонсезоната.
Стив Неш бил тој што го убедил да излезе од својот затворен кург. Не скитале многу. Само чат пат во кино и на некој концерт.
„Сакав да проба нешто друго за да го намали притисокот што го чувствуваше врз себе“ се сеќава Канаѓанецот.
Живот под контрола
Откако пораснал под контрола на мајка му Хелга, инаку поранешна кошаркарка, потоа друг човек опсесивно го контролирал неговиот живот, а тоа е Гешвинднер. Гуруто што го обликувал Дирк, денес живее во замок во баварскиот град Пеулендорф.
Како студент живеел во напуштена фабрика и на студентските протести возел Порше. Отсекогаш бил крут човек кој се обидувал да му ја всади на Новицки онаа карактеристика што била во неговата ДНК, која не била дел од карактерот на играчот.
Една од неговите омилени мисли била: „Оној што ги споделува своите емоции губи дел од себе“. Но, можеби тоа било она што му требало на Дирк за да преживее во светот на ајкулите, а тоа е НБА, особено за бел, европски играч кој требал да се пробие во братството на „браќата“.
Тоа не е расизам, туку реалноста на свет каде бојата на кожата, за жал, е многу важна. Особено тогаш и особено кон оние на кои се гледало како на „падобранци“. Пред повеќе од 25 години, европските кошаркари кои пристигнувале во лигата имале необјаснива репутација на мрзливи. И како такви биле третирани,
Новицки не го напуштил Гешвинднер, ниту кога влегол во неволја со германските даночни власти, плаќајќи му 15 милиони евра кауција од свој џеб за да го ослободи од затвор. Холгер му бил тренер, ментор, психолог, а му го водел и приватниот живот.
Толку многу му се мешал, што кога чирлидерката со која излегувал, кога му поставила ултиматум „Или ќе се омажиш за мене или ќе те откачам “, тој го послушал својот ментор и ја избрал втората опција.
Девојката отишла во Холивуд да си ја бара среќата, а Дирк му се вратил на својот режиран и дисциплиниран живот. Ќе се качел во својот Мерцедес од 100.000 евра, ќе излезел од својата вила вредна 4 милиони, недалеку од местото каде што живеел поранешниот претседател Џорџ Буш, ќе пристигнел во центарот на Американ Ерлајнс и ќе се паркирал во подземната гаража. Или дома или во теретана. Тоа го сакал Холгер.
Колапсот во финалето 2006 после водство од 2:0
Тогаш имаше 27 години и играше во НБА веќе 7 години, кога конечно стигна до финале. Далас на првите средби против Мајами водеше 2:0, а на третиот меч имаше 13 поени предност на 6 минути до крај. 3:0 ќе значеше крај за Мајами Хит. Никој во историјата на лигата, дури и денес, никогаш не се вратил од таков дефицит. Но, Двејн Вејд се засили и ја промени историјата.
Поразот оставил длабока рана во душата на Дирк, кој побарал засолниште на друго место. „Тоа беа тешки месеци“, изјави Германецот некое време подоцна, пред да ја освои титулата во 2011 година. „И денес си го поставувам тоа прашање: „Зошто јас? Зошто толку блиску до целта?“ Повторно се нашол сам. Неш бил трејдуван во Феникс.
Така започнал онлајн врска со девојка по име Кристал Тејлор. Или така таа го натерала Новицки да верува кога му заѕвонила на телефонот, тврдејќи дека свртела погрешен број. Двајцата почнале да разговараат. И никогаш не престанале.
Тие ја негувале својата врска со години пред да се сретнат лично. Семејството на Дирк не ја благословило врската, но тој не сакал да го слуша разумот. Бил лудо заљубен, ја пронашол својата сродна душа и повеќе не бил сам. Кога еден пријател го посетил во Тексас, тој им рекол на родителите на Дирк дека никогаш не го видел толку среќен.
На враќање му испратила СМС порака: „Ако си сигурен дека таа е вистинската жена за тебе, венчај ја“. Дирк склучил предбрачен договор, но Кристал, секој пат измислувајќи различен изговор, никогаш не го издала својот извод од матичната книга на родените. Гешвинднер потоа станал сомнителен и ангажирал приватен детектив да ја испита идната невеста.
Кристал и 16-те лажни идентитети
Кога паднал капакот од тенџерето, излегла смеса со непријатна миризба. Прво, вистинското име на Кристал Тејлор е Кристијан Тревино. Со многу долга историја на измами зад себе, почнувајќи од неплатен долг на забар од над 7000 евра.
По бројните неуспешни обиди да ја лоцираат, случајот го предале на владина агенција во Нешвил, Тенеси. Кристал или Кристијан, како сакате, била изложена на медиумски внимание.
„Никогаш немаше да ја најдам да не беше тој истрел, таа беше премногу паметна“, рекол детективот Ренди Стивенс, кој случајно ја забележал на тв со Новицки и така ја пронашол за да ги наплати парите кај забарот.
Откако ја уапсиле, на виделина излегле уште 16 лажни имиња кои таа ги користела за да измами повеќе жртви. Дирк, благо речено бил шокиран.
„Немав појма за тоа што се случи, не сфатив. Отсекогаш бев многу внимателен да не го разоткривам мојот приватен живот и одеднаш се најдов на насловните страници на сите весници, а да не зборуваме за ТВ. Се срамев што ме гледаат во јавноста. Јас сум чувствителна личност. Како можеше да ми се случи нешто такво? Како е можно ништо да не забележам. Бев разочаран и лут на себе. Ми требаше долго време за повторно да верувам некому“.
Лажната бременост
Сепак, имало уште измами. Кристал била бремена од Дирк. Така барем тврдела, а потоа била осудена на 5 години затвор за меѓу другото, фалсификување потписи на чекови. Германецот јавно кажал дека доколку ДНК тестот го потврди неговото татковство, тој ќе побара единствено старателство. Но, ова, како и сите други, се испоставило дека е лага. Кристал најверојатно не била трудна. „Никогаш нема да дознаеме дали абортирала или никогаш не била бремена“, изјавил тогаш нејзиниот адвокат.
„Да ме прашаше, веднаш ќе му кажев дека е измамник, затоа што Новицки не беше првиот спортист што беше измамен од Кристијанн изјави Тони Бенкс, поранешен квортербек на Сент Луис Рамс.
„Ми се јави еден ден и ме праша дали сакам да излезам со неа. Немав појма која е и реков не. Но, потоа ми испрати слика. Беше многу убава, а јас бев млад. Се запознавме, но брзо стана опсесивна. Кампуваше во мојот двор додека бев дома со друга жена. Ми упати заканувачки телефонски повици и почна да зборува глупости за мене. Во тој момент ја прекинав врската“, раскажува Рамс.
Но, приказната на Дирк има среќен крај. Во 2012 година се ожени со Џесика Олсон, сестра на фудбалерите Мартин и Маркус, првиот шведски интернационалец. Церемонијата се одржа во Нањуки, Кенија, земјата во која е родена жената. Имаат три деца.
„Минатото лето бевме во Кенија околу две недели. Џесика има чичковци, братучеди. Баба и е сè уште жива и има скоро 100 години. Тоа е посебно место за нашето семејство. Сакаме нашите деца да запознаат некои од нивните братучеди, па се обидуваме да одиме секое лето. Можеби ќе купиме и куќа“.
Зад секој голем маж, стои голема жена. Ама оди најди ја лесно.