Некогаш голем талент кој остави голема трага во Македонија, завршил во лудница

Српскиот кошаркар Драган Лабовиќ во еден период важеше за еден од најталентираните играчи во регионов. Тој во 2009-та година беше најдобар стрелец на регионалната АБА лига како кошаркар на ФМП Железник. Играше во повеќе руски и германски клубови а во Македонија го водеше Карпош Соколи до титула во Купот на Македонија против Фени Индустри во 2017-та. Лабовиќ беше проблематичен и во текот на кариерата, а по крајот на играчката кариера завршил дури и во лудница откако еднаш претепал таксист и му го украл возилото.

Лабовиќ имаше дури и настапи за репрезентацијата на Србија и конкурираше за трансфер во Црвена Звезда и Партизан.

Во искрена исповед во подкастот „Јао Миле“ (го води некогашниот НБА играч на Њу Џерси Нетс Миле Илиќ) раскажал дека завршил во белградската психијатриска болница „Лаза Лазаревиќ“:

 

27 февруари 2025 - 09:47