Хрватот Иван Јуриќ најлош тренер во историјата на Премиер лига

Некогашниот тренер на Мантова, Кротоне, Џенова, Верона и Торино, Хрватот Иван Јуриќ кој имаше и неколкунеделен ангажман во Рома пред да биде отпуштен, сега е исмеван во англиските медиуми како најлошиот тренер во тамошниот фудбал.

Epa Images
Epa Images
Epa images

На 21. декември 2024-та Иван Јуриќ беше именуван за нов тренер на англискиот премиерлигаш Саутемптон. Потпишал договор на година ипол а екипата сезонава е на самото дно во англиската Премиер лига и скоро сигурно испаѓа во втора лига.

На своето деби Јуриќ на 26-ти декември изгубил 0-1 дома од Вест Хем. Од тогаш го следи катастрофална серија. Под водство на хрватскиот тренер Саутемптон изгуби верувале или не 9 од 10 натпревари по ред! Во 27 кола Саутемптон има 22 порази, 2 победи и 3 нерешени средби во Премиер лига.

Во вторникот Саутемптон доживеа нов дебакл, изгуби 4:0 од Челси на гости а тоа беше деветти пораз на „светците“ кои ќе ги чека нова тешка борба во втора лига.

Саутемптон има само 9 бода во дури 27 кола. Имаат вкупно 22 порази сезонава а со 9 порази на 10 меча Иван Јуриќ е и официјално најлошиот тренер кој некогаш водел премиерлигашки клуб. 

Најслаб екипен учинок во Премиер лига имал Дерби Каунти во сезоната 2007/2008 кога после 27 кола исто имале како сега Саутемптон мизерни 9 бода а на крајот на сезоната завршиле со 11 бода.

По доаѓањето на Јуриќ на клупата на Саутемптон екипата не доживеала ни најмал напредок во играта и испаѓање во втора лига е сигурно. Јуриќ е прогласен за најслабиот тренер во историјата на Премиер лига по бројот на освоени бодови во просек ма 10 натпревари. Досега никој не „го пробил“ дното со 0,30 поени по натпревар колку што „освоил“ некогашниот тренер на италијанските клубови.

Во два месеци на клупата на Саутемптон Јуриќ победил само против Ипсвич кој е исто давеник а победил и во ФА Купот против Свонси во натпревар кој не се смета во статистиката за Премиер лига. Саутемптон под водство на Јуриќ има 10 порази сезонава и ниту една нерешена што е уште една чудна околност за тимот кој игра очајно.

Standings provided by Sofascore
27 февруари 2025 - 09:14