
Турската фудбалска федерација во четвртокот го казни 62-годишниот Жозе Мурињо со парична казна од 1,6 милиони турски лири (44.000 долари) и 4 натпревари суспензија. Причина се коментарите на Португалецот на сметка на судиската организација во турскиот фудбал.
После големото дерби Галатасарај - Фенербахче кое за првпат во историјата го судеа странски судии, а кое заврши без голови и бодовната разлика остана иста меѓу ривалите, Мурињо рекол:
„Одлично е што се донесе странски судија за натпреварот“ и го пофалил Словенецот Славко Винчиќ за топ арбитража.
Жозе рекол и дека отишол до кај Винчиќ после мечот и му честитал на одличната работа. „Кога го видов четвртиот судија, турски судија, му кажав ако ти судеше ќе беше катастрофа“.
Мурињо на прес-конференцијата после дербито рекол уште и дека „ако турски судија го судел натпреварот уште за раната глума на почеток на мечот ќе досудел фаул и ќе дадел жолт картон а нивната клупа ќе почнела да скока наоколу како мајмуни“.
Турската фудбалска федерација во четвртокот го казнила со 4 меча а првиот дуел го одработил баш во четвртокот кога не седел на клупата во победата на Фенербахче во турскиот Куп 4-1 над Газиантеп.
Фенербахче се жалел на одлуката но таа најверојатно ќе остане на сила.