Цела сала на Лејкерс: „Нико фала ти“

Лука Дончиќ чекаше и дочека прилика сурово да му се одмазди на неговиот доскорешен клуб Далас Маверикс, поточно на нивнио извршен директор Нико Харисон кој без никаква најава, сензационално и шокантно реши да го избрка Дончиќ од клубот така што го трампаше за 7 години повозврасниот Ентони Дејвис во ЛА Лејкерс. Дончиќ синоќа имаше трипл-дабл во победата на Лејкерс над Далас Маверикс.

Epa Images
Epa Images

За време на едни слободни фрлања на Дончиќ, цела „Крипто Арена“ во Лос Анџелес го мајтапеше Нико Харисон од Далас Маверикс со скандирање: „Фала ти, Нико!“: 

Дончиќ му сервираше студена одмазда на Далас Маверикс

Дончиќ правеше склекови пред човекот кој го избрка од Далас

26 февруари 2025 - 14:21