Offside

ПСЖ и Баерн Минхен одиграа полуфинале во Лига на шампиони од соништата со резултат 5:4, па дури и можеа да бидат и повеќе со оглед на шансите. Домаќините на полувреме имаа 3:2, а потоа и 5:2, но Баерн се избори за поголема неизвесност пред реваншот. Кварацхелија и Дембеле постигнаа по два гола, Невес еден. За гостите погодија Кејн, Олисе, Упамекано и Диаз.

Голман со гол го побудале стадионот

Англискиот нисколигаш Лејтон Ориент успеа да се пробие до 3-та рунда во ФА Купот откако со 2-1 во луд меч го совлада Олдам Атлетик. Прво гостите дошле во водство во 47-ма минута. И воделе дури до 90+9' минута од судиско продолжение кога голманот на домаќините Џош Кили (позајмен од Тотенхем) постигнал прекрасен гол со глава и изборил продолженија. А таму Дан Агиеи им донел победа на домашните со погодок во 121-ва минута од продолженијата.

Зошто многу луѓе не гледаат НБА како порано?

Како прво ништо повеќе не е исто после Мајкл Џордан. Инаку тезите кои најчесто се поставуваат е дека денешната кошарка во НБА се сведе премногу на индивуалност. Не се мисли многу на тактика, градење на акции и разноврсност и шареноликост во нападот. За одбрана пак да не зборуваме. Стана нормално една екипа да постигне 130, 140, па и 150 поени. На Ол стар и 200.

Топка заврши во публика и направи непроценливо голема штета

Ова се гледа сега, па за 1.000 години. Ќе има и забавена снимка од инцидентот во кој загинаа две пива на две жедни души. Кој ќе ја плати оштетата?

Најјакиот црн хумор со Питер Крауч

Некогашниот расен голгетер на англиската репрезентација и на Тотенхем, Ливерпул и други англиски клубови, Питер Крауч (43) важи за еден од најјаките зафрканти на англиската сцена. Крауч е духовит, знае да прави шега на своја и на туѓа сметка, ама овојпат нешто и него му дошло претерано.

Голот е велемајсторски кога соиграчите се држат за глава

Франческо Фолино од Јуве Стабија е сам свој мајстор на италијанската второлигашка пресметка против Читадела. Ќе го памети евроголов и тој, а богами и тие околу него.

Никој не бил така исвиркан на „Олимпико“ како синоќа Ѕаниоло

Во дербито на вечерта меѓу Рома и Аталанта на затворање на 14. коло од Серија А, гостите од Бергамо славеа заслужено 0:2. Главен момент на мечот беше влегувањето во игра на некогашниот бисер на Рома Николо Ѕаниоло кој во многу лоши односи си отиде од Рим. Навивачите на Рома го свиреа жестоко кога влезе во игра во 64-та минута а тој им одговори со гол со глава во 89-та минута за победа 0-2.

Мурињо зграби како вреќа свој помошник

Се чини дека Жозе Мурињо полека ги скоцка работите во Фенербахче и фати чекор во трката за титулата со Галатасарај. Фенер сега е втор со 32 бода, а вечниот ривал е прв со 35 бода. Синоќа Фенербахче победи 3-1 против Газијантеп а Мурињо грубијански го влечеше својот помошник при еден прекин, со цел да се концентрира на тактиката а не на прекинот.

Танцот на Гризман во забавена снимка

Елегантниот Французин до толку има чувство за топка што понекогаш делува како балерина на сценски настап. Милина да го гледаш.

Топ 10 тренери без клуб

Ако некоја екипа остане без тренер, а сака адекватна или подобра замена, сигурно дека ќе ја најде во текот на оваа сезона. 

Дел Потро на сред меч побара од Новак да го имитира Надал

Прошталниот натпревар на Хуан Мартин дел Потро, донесе многу емоции и за него, но и за Ѓоковиќ. Но во Буенос Аирес имаше и забавни моменти, благодарение на талентот на Србинот за имитирање.

Контра напад во селска лига рамна на пародија

Прво имаше фаул на центар, ништо. Па стоперот истегна мускул, пак ништо. Врвот е се разбира пред гол, каде има и гледач во поминување кој пази, кучето си го шета. Сакате утеха? Во Полска е ова, не е кај нас.

Гатузо од радост рогаше топки во публика, Ракитиќ се соблече гол во кафана

Најголемиот темперамент меѓу италијанските тренери, спобудале од радување по последниот свиреж на големото хрватско дерби. Се појави снимка и од славејто после натпревар.

Полека бре, судијата го потепавте

Во дербито на 13. коло од француската Лига 1, Марсеј губеше 0-1 од Монако пред повеќе од 50.000 свои навивачи но на крај направи пресврт и славеше 2-1 со голови во 53-та минута и во 89-та минута од пенал. Претходно во првиот дел, во 20-та минута десниот бек на Монако Бразилецот Вандерсон го покоси линискиот судија кој при пад се повреди и го скрши знаменцето. Проба да продолжи да суди но не можеќе и побара измена.

Со грб бе ја штопна

Рајс Нелсон од Фулам на средбата со Тотенхем, се справи со топката на скроз неочекуван и ретко виден начин.

Никола Јокиќ го стигна големиот Меџик Џонсон на вечната листа

Лос Анџелес Клиперс го совлада Денвер Нагетс 126-122, стигна до 13-та победа во НБА лигата а на Денвер му го нанесе осмиот пораз од почеток на сезоната. Јокиќ одново залудно најдобар во својот тим.

Вие оправајте се со судијата, на Салах му е гајле

Мохамед Салах игра во фантастична форма. Тој постигна гол или намести гол на секој од последните 8 натпревари против Манчестер Сити (6 гола и 4 асистенции) со што покажа дека англискиот шампион му е омилена мета. Синоќа во големото дерби на „Енфилд Роуд“ погоди од пенал во 78-ма минута. Пред пеналот додека ривалите се расправаа со судијата за одлуката, Мо си жонглираше.

Аца Лукас раскажува за забавите со Пандев

Славниот српски пејач ја открива банкнотата која Пандев му ја лепел како башкиш повеќе пати во една вечер, кога го викал да му пее во Струмица. Инаку прво мислел дека е Бугарин.

Фудбалер на Фиорентина колабираше на терен, јавноста преплашена

Потресни сцени се случуваа на мечот Фиорентина - Интер во вечерниот термин од 14. коло во италијанската Серија А. Младиот фудбалер Едоардо Бове се сруши на теренот и итно беше префрлен во болницата. За среќа брзо се повратил и самостојно дишел.

Емотивни сцени во Буенос Аирес со Дел Потро и Ѓоковиќ

Дојде крај на една голема тениска приказна со несреќен крај. Хуан Мартин дел Потро и официјално се повлече.

Пеп Гвардиола им гестикулираше на навивачите кои го закачаа

Во големото дерби на англискиот фудбал Ливерпул со 2-0 го совлада Манчестер Сити и му ја продлабочи неверојатната криза која достигна до 7 порази на последните 8 меча. Црвените сега му бегаат на Сити цели 11 бода во трката за титулата а на Пеп тоа не му падна баш лесно.

Трик шутот на Сара Ристовска во фокусот на ЕХФ

Македонската женска ракометна репрезентација одигра нерешено против Турција во второто коло од ЕП, а за играч на натпреварот беше прогласена Сара Ристовска која постигна 8 гола. Мајстор за трик удари, гласи објавата на ЕХФ за нашата најдобра ракометарка.

Чкембари со македонски знамиња ја грмнаа македонската химна

Револтирани и гневни од оние билмези заглавени во 19 век, со начинот на кои го славеа денот на нивното знаме, навивачите на Пелистер одговорија од Широк сокак.

Плејстејшн акција на Атлетико Мадрид, пируета на Гризман

Атлетико Мадрид го прегази Ваљадолид на гости со 0:5. Одиме веднаш на четвртиот гол на Антон Гризман кој си поигра во шеснаесетникот до толку атрактивно, што и домашните навивачи му ракоплескаа.

Ѓоковиќ на бербер во Катар

Новак беше во Катар за да потпише договор со компанијата Катар Ервејс на која стана глобален амбасадор. Во меѓувреме посетил и тренинг на Формула 1, ама бил и да се потшиша. И таму ја рокнаа песната на Нада, која стана хит благодарение на него и Златан.