
Јунакот на Пејсерс кој прави дар-мар во доигрувањето за титулата, ја предводеше Индијана до триумф со 32 поени, 12 скока и 15 асистенции, а имаше и четири украдени топки.
На тој начин играчот кој носи број 0 на дресот, стана прв кошаркар кој како играч на Пејсерс стигнал до трипл-дабл со најмалку 30 постигнати поени во еден дуел од доигрувањето.
Огромна поддршка Халибуртон имаше и од неговиот ортак Паскал Сијакам кој го наполни кошот на Њујорк Никс со 30 поени а имаше и 5 скока. Бенедикт Матурин додаде 20 поени а двоцифрени беа уште и Арон Нејсмит со 16 поени и Мајлс Тарнер со 13.
Кај Никс Џејлен Брансон стигна до 31 поен со пет асистенции, Карл-Ентони Таунс додаде 24 поени со 12 скока, Оу-Џи Ануноби запиша 22 поени а Микал Бриџис 17. На Никс не му помиогнаа ниту 12 поени и 11 скока на Џош Харт.
Индијана сега ќе има неколку меч топки за да обезбеди пласман во големото финале на НБА лигата. Првата им е во ноќта меѓу четврток и петок кога гостува во Њујорк на петтиот натпревар.
Подобриот од овој дуел ќе оди во финале на НБА против победникот на дуелот Оклахома Сити Тандер - Минесота Тимбервулвс каде „громовите“ имаат 3-1.