Хаос на шампионската парада на Ливерпул: Возач влетал во толпата, 47 повредени

Од шампионска прослава до трагедија. Црн ден во Ливерпул наместо славје.

За понеделникот на 26-ти мај одамна беше планирана голема шампионска парада на Ливерпул. Навивачите на црвените од многу места се собрале во центарот на градот и прославата можела да почне.

Но мрак паднал врз целата прослава кога 53-годишен локалец влетал со кола во толпата и повредил најмалку 47 лица од кои две се со сериозни повреди. Меѓу нив има и многу повредени деца.

„Во моментов сме на терен поради несреќата во центарот на Ливерпул. Контактирани сме нешто после шест часот после пладне по веста дека автомобил влетал меѓу еден број пешаци. Брзата помош е на терен, ќе објавиме повеќе информации кога ќе ги имаме“, истакнала локалната полиција на Мерсисајд.

Присутните од првин пробале да го сопрат возилото но возачот наеднаш безумно со сета гас почнал да ги гази луѓето со голема брзина среде толпата:

Ливерпул ја почнал прославата пред 16:00 часот по локално време. Во градот бил спремен огномет и отворен автобус со навивачите. Шкотскиот ди-џеј Калвин Харис кој е голем навивач на Ливерпул и добар другар на Вирџил ван Дајк требал да пушта музика на еден од главните плоштади во градот. На шампионската парада присуствувал и големиот Јирген Клоп кој не бил во автобусот туку бил присутен со навивачите.

Тука со него бил и легендарниот Кени Даглиш и сè било спремно за голема фешта. 

Полицијата во Ливерпул соопштила дека инцидентот не е поврзан со тероризам а градоначалникот на градот Стив Ротерам апелирал да не се шират шпекулации зошто возачот влетал во насобраната толпа на улицата Вотер.

Полицијата соопшти и дека станува збор за 53-годишен бел Британец но се уште нема ниту фотографија ниту идентитет на лудакот. Властите уште и истражуваат како колата стигнала воопшто до шампионската парада кога улиците биле затворени.

Се огласил и британскиот премиер Кир Стармер: „Сцените од Ливерпул се потресни. Моите мисли се со сите настрадани и лицата присутни во моментот. Сакам да им заблагодарам на полицијата и Брзата помош за нивниот брз и решителен одговор на овој шокантен инцидент“.

Во моментов се повредени 47 лица од кои 27 се задржани во болница а две лица се со посериозни повреди. 

27 мај 2025 - 09:21