
Ками Рита има 55 години и со децении работи како предводник на групи алпинисти од целиот свет. Овојпат при качувањето водел група од Индија.
Рита за првпат се качил на Монт Еверест во далечната 1994-та година и од тогаш се качувал редовно секоја година со исклучок на три години кога локалните власти од разни причини ги забраниле искачувањата.
Второто место по број на успешни искачувања на Монт Еверест го држи уште еден легендарен шерпа - Пасанг Дава кој дури 29 пати се качил на страшниот врв. Пролетва Дава Пасанг повторно го качил врвот.
Меѓу алпинистите кои не се шерпи рекордот го држи Британецот Кентон Кул со 19 искачувања на Монт Еверест.
„Мило ми е за рекордот, но рекордите се тука да се надминуваат. Многу сум среќен што моите искачувања помагаат Непал да биде препознат во светот“, рекол тој минатиот мај.
Сезонава повеќе од 500 алпинисти и нивните водачи успешно го искачиле Монт Еверест во качувачката сезона која полека доаѓа до својот крај годинава.
Непал издал повеќе 1.000 дозволи за качување сезонава меѓу кои и Еверест и други врвови, соопштила канцеларијата за туризам на Непал со седиште во Катманду.
Бројот на искачувања и обиди за искачувања на Монт Еверест и другите врвови на Хималаји е екстремно зголемен во последните години и тоа носи грижа за нарушување на околината. Минатата година, локалните власти претставиле правило во кое се бара од секој присутен горе во базните кампови да си го чисти изметот во спротивно се изрекуваат големи казни.