Скоро половина Премиер лига следната сезона ќе игра во Европа

Англичаните на есен ќе ја напаѓаат Европа од сите страни. Дури 9 екипи изборија пласман од кои рекордни 6 во ЛШ. Сензација е 17-то пласираниот Тотенхем како освојувач на ЛЕ, кој им се придружи на Ливерпул, Арсенал, Манчестер Сити, Челси и Њукасл. Во Лига Европа оди Астон Вила како шеста и 12-то пласираниот Кристал Палас бидејќи го освои ФА Купот. Нотингем Форест кој беше во подобра положба, ќе мора да се задоволи со Конференс.

27 мај 2025 - 14:03