Што кажа Чаби Алонсо како нов тренер на Реал Мадрид?

Откако Карло Анчелоти замина од Реал Мадрид како најтрофеен тренер во клупската историја на „кралевите“ и стана нов селектор на Бразил, празната клупа на „Сантијаго Бернабеу“ ја пополни сјајниот Чаби Алонсо кој во три сезони во Баер Леверкузен направи чуда.

Меѓу другото во опширното излагање, Чаби Алонсо на навивачите им препорача:

„Верувам дека може да оствариме големи нешта достојни на Реал Мадрид, достојни на сите овие Европски титули, на се што е освоено во текот на годините и со поддршка од навивачите. Сакаме да ги направиме навивачите горди на екипата што ја гледаат на терен, што ќе им пренесува емоции, ќе ги прави радосни. Сакам тие да кажат: „Ова е тимот што го сакам. Ова е моја екипа. Ова е мојот Реал Мадрид. Ако успееме да го распалиме тој оган, ќе бидеме несопирлива сила. Многу ви благодарам. Хала Мадрид! “

 

27 мај 2025 - 11:55