
Познати се 29 од 36 учесници во Лига на шампиони за следната сезона. Седум екипи ќе дојдат после летните и тешки квалификации.
Од Англија ќе има шест екипи: четири влегоа по стандардната квота, петтата благодарение на дополнително место изборено со резултатите сезонава во еврокуповите, а шестата стана победникот на Лига Европа, Тотенхем.
Шпанија ќе има 5 клуба што е фантастичен резултат: топ 4 плус петто место е бонус од УЕФА. Од Италија и Германија ќе има по 4 екипи. Французите од Лига 1 ќе добијат 3 места во ЛШ а четвртата, Ница, ќе мора да игра две рунди квалификации.
Директен пласман имаат и претставници на Холандија, Португалија, Белгија, Турција, Чешка и Грција.
Повеќе од 2 екипи во ЛШ освен Топ5 лигите ќе има само Холандија: Феенорд ќе почне од трето квалификациско коло а ПСВ и Ајакс ќе одат директно во Лига на шампиони.
Дури 9 земји ќе имаат два клуба во Лига на шампиони: преку квалификации ќе пробаат Бенфика (Португалија), Бриж (Белгија), Фенербахче (Турција), Викторија Плзен (Чешка), Панатинаикос (Грција).
2 клуба во квалификации за Лига на шампиони ќе имаат: Шкотска (Селтик и Ренџерс), Швајцарија (Базел и Сервет), Австрија (Штурм Грац и Ред Бул Салцбург), Норвешка (Боде Глимт и Бран).
Само една етапа ќе мора да пројдат (бараж): Селтик, Базел, Штурм и Боде Глимт.
Стартот на квалификациите за новата сезона во Лига на шампиони е на 17-ти јуни кога ќе се влече ждрепка за првата и втора квалификациска рунда. 1. коло стартува на 8-ми јули. Баражот е планиран за последните две недели од август, така што 27-ми авугст ќе се знаат СИТЕ учесници на главната фаза од ЛШ. Следниот ден, за 28-ми август е предвидена ждрепка за елитното друштво.
Бенфика и Ред Бул играат во квалификациите но и на Светското клупско првенство. Португалците би требало да ја завршат групната етапа на Светското клупско првенство на 24-ти јуни, Австријците на 28-ми, а веќе од 22-ри јули се натпреварите од 2. коло квалификации за Лига на шампиони (таму е Ред Бул), а 3. коло се игра на 5-ти август (таму е Бенфика).
Руските клубови и натаму се суспендирани од УЕФА.
Во 2. квалификациско коло ќе играат уште и шампионите на: Полска (Лех), Кипар (Пафос), Србија (Црвена звезда), Украина (Динамо Киев), Азербејџан (Карабах), Хрватска (Ријека).
Календарот за главната фаза од ЛШ се состои од 8 кола. Стартот ќе биде средина на септември, по две кола ќе има во октомври и ноември, шест во декември и уште два во јануари.
Финалето на Лига на шампиони 2025/2026 е закажано за 30-ти мај во Будимпешта на „Пушкаш Арена“.