
Карло Анчелоти допатувал во Рио де Жанеиро каде бил пречекан од новинари и луѓето од Бразилската фудбалска федерација.
На промоцијата на италијанскиот тренер во салата дошле преку 200 новинари. Самир Жауд, новиот претседател на Бразилската фудбалска федерација рекол:
„ФББ го ангажираше еден од најдобрите тренери на светот, ќе има целосна автономија во работата“.
Карло Анчелоти подолго време одговарал на новинарски прашања. На почеток рекол: „Чест е да се води најдобрата репрезентација на светот, Бразил освои пет Светски првенства и ме избра мене за да ја освои шестата. Оваа работа ќе бара многу одговорност, предизвикот е огромен: ќе се обидам да достигнам највисоко ниво“, рекол Дон Карло.
Анчелоти добил поддршка и од легендарниот Фелипе Сколари, селектор на шампионскиот Бразил во 2002 кој со Роналдињо, Роналдо и Ривалдо се качи на светскиот кров.
„Ќе бидам секогаш со тебе во која било ситуација“, рекол Сколари.
На прашањето дали и Италија го барала за селектор, тој рекол: „Никогаш не се случи, имаат селектор кој ми е голем пријател, Лучано Спалети. Интерес имаше од Бразил и многу сум горд што сум овде. Историјата кажува дека оваа репрезентација е најсилна на светот“.
Анчелоти уште веднаш, за неколку дена го чекаат два исклучително тешки натпревари во квалификациите за Светско првенство: против Еквадор (на 6-ти јуни) и против Парагвај (11-ти јуни).
На прашањето зошто го нема Нејмар во репрезентацијата, Анчелоти рекол: „Нејмар е надвор од списокот зошто само што се врати од повреда. Зборував со него и се сложивме за ова. Му верувам на Нејмар, сметам на него, го сакам да дојде во најдобра форма до Светското првенство“.
Карло веќе го соопштил и списокот играчи: