Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
Македонската фудбалска репрезентација подобро котира кога не игра. Минатиот месец имавме скок од четири места, а овој месец повторно со неиграње успеавме да не потонеме и ја задржавме 98-та позиција на ФИФА ранг листата.
Националната арена во Букурешт вечерва ќе биде домаќин на црвено-белото шпанско финале на второто по ранг европскот натпреварување. Старите познаници Диего Симеоне и Марселоа Биелса со своите екипите Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао ќе се сретнат во финалето на Лига Европа.
По поразот на финалето од ФА купот пред само три дена, Ливерпул му се реваншираше на Челси и тоа со камата. На последниот натпревар на Енфилд за оваа сезона, Ливерпул го победи Челси со 4:1.
Јувентус ја освои титулата во Серија А за прв пат по 2006-та година, но последна кој му се брои е онаа од 2003-та. Колку титули има Јувентус? 28 или 30? Овие бројки беа интересни и за медиумите во Италија.
Минатиот месец ви ги претставивме сите дресови со кои ќе настапат репрезентациите, а на точно еден месец пред почетокот на Европското фудбалско првенство во Полска и Украина ви ги претставуваме осумте стадиони на кои ќе се одиграат натпреварите.
Јувентус ја освои 28-та титула (вкуно 30-та со двете одземени во Калчополи) по импресивна сезона без пораз и постави нови стандарди во италијанскиот фудбал.
Пеналот на Серхио Рамос добива конкуренција. Карлос Бузер од Чикаго Булс на четвртиот натпревар против Филаделфија го изведе најлошото додавање во плејофот, а можеби и во целата НБА сезона.
Сте се запрашале ли како би изгледала стартната постава ако некој богат Арап реши да со своите нафтени милиони да состави фудбалски тим со купување на најдобро платените 11 играчи по позициите на кои играат?
Тагни го Дрогба и учествувај во поставување нов светски рекорд. Фубалската асоцијација на Англија ќе го искористи финалето на ФА купот помеѓу Челси и Ливерпул за соборување на рекордот за фотографија со најмногу тагови.
Интер го победи Милан на „Дерби дела Мадонина" на извонреден натпревар со шест голови и му помогна на „омразениот" Јувентус да ја освои 28-та титула во претпоследното коло од италијанската Серија А.
Пред само неколку кола Манчестер Јунајтед имаше осум поени предност, но сега тие заостануваат осум голови во однос на Манчестер Сити и повеќе од сигурно е дека актуелниот шампион оваа сезона ќе ја загуби титулата.