Прекин на романското дерби

Големото градско дерби на Клуж беше прекинато уште во 27-та минута по нападот на капитенот на гостинската екипа.

Најголемото дерби на Трансилванија помеѓу екипите на Универзитатеа Клуж и Клуж беше прекинато во 27-та минута заради физички напад на гостинскиот капитен Каду.

Претходница на инцидентот беше еден пенал за Клуж чиј реализатор беше Бразилецот Каду. Постигнувањето на голот тој го прослави со бакнување на грбот на клубот и тоа пред трибината на домашните навивачи со што ги испровоцира и навивачите и фудбалерите на Универзитатеа. Домашниот голман Мирчеа Борнеску веднаш тргна да се пресмета со него по што и двајцата заработија црвени картани.

На пат кон соблекувалната, Каду беше нападнат од физиотерапевтот на Универзитатеа и членови на обезбедувањето по што во мешаницата се вклучија и останатите фудбалери од двете екипи.

По инцидентот, тренерот на Клуж реши да ја повлече својата екипа од теренот и дербито заврши уште во 27-та минута.

9 мај 2012 - 09:28