Само чудо ја спасува титулата на Манчестер Јунајтед

Пред само неколку кола Манчестер Јунајтед имаше осум поени предност, но сега тие заостануваат осум голови во однос на Манчестер Сити и повеќе од сигурно е дека актуелниот шампион оваа сезона ќе ја загуби титулата.

Навивачите на Манчестер Сити на својата трета титула во историјата чекаа 44 години и ќе треба да чекаат до следната недела. Но со прославата можат да почнат уште од сега, затоа што само големо чудо може да му ја спаси титулата на Манчестер Јунајтед.

На едно коло до крајот на сезоната, двата ривали од Манчестер се израмнети на врвот на табелата со по 86 поени, но Сити им предност во подобрата гол разлика од осум голови.

Во последното коло Манчестер Сити го пречекува Квинс Парк Ренџерс, а „црвените ѓаволи" му гостуваат на Сандерленд. Јунајтед ќе треба да се надева на реми или пораз на Сити, но оваа сезона на нивниот терен непоразени останаа само фудбалерите на Сандерленд, па „граѓаните" веќе ги имаат вкалкулирано трите поени од дуелот со КПР.

По големата победа на натпреварот на сезоната минтатото коло над Јунајтед, фудбалерите на Манчестер Сити извојуваа уште една важна победа. Овој пат тие славеа на гостувањето кај Њукасл.

Херој на Сити е Јаја Туре кој беше стрелец на двата гола во последните 20 минути од натпреварот.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го одиграа последен натпревар пред својата публика и го победија Свонси, но со само 2:0.

Стрелци на головите беа Пол Сколс и Ешли Јанг.

6 мај 2012 - 19:25