Пред полувремето на плејоф натпреварот помеѓу Денвер Нагетс и ЛА Лејкерс, пијана жена влезе на паркетот и предизвика краток прекин.
Според полицијата, таа и претходно добивала забрани за влез во арената на Денвер заради следење и досаѓање на неколку кошаркари.
Според новинарите и фоторепортерите кои биле блиску до паркетот, таа врескала „Каде е Кенјон?" веројатно мислејќи на Кенјон Мартин кој веќе не игра за Денвер.