Шампионот од 1995-та година, екипата на Блекбурн и дефинитивно ја напушта Премиер лигата по последниот пораз од Виган.
Незадоволни од раководењето на клубот од страна на индијските сопственици кои поседуваат компанија за преработка на пилешко месо, навивачите на Блекбурн го прекинаа натпреварот во шестата минута, пуштајќи на теренот една кокошка со клупското знаме.