Црвено-бело шпанско финале во Букурешт

Националната арена во Букурешт вечерва ќе биде домаќин на црвено-белото шпанско финале на второто по ранг европскот натпреварување. Старите познаници Диего Симеоне и Марселоа Биелса со своите екипите Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао ќе се сретнат во финалето на Лига Европа.

„Лудакот" Марсело Биелса со Атлетик Билбао немаше најдобра сезона во шпанската Примера. Билбао се наоѓа на средината на табелата во Шпанија и единствен услов за екипата повторно да се натпреварува во Европа следната година е да триумфира на вечерашното финале.

На патот до финалето Биелса го надмудри Алекс Фергусон и целосно го надигра Манчестер Јунајтед, а ги елиминираше и Шалке и Спортинг од Лисабон. Но во финалето нема да има лесна задача затоа што против себе го има Атлетико Мадрид чиј предводник е Диего Симеоне.

Симеоне добро го познава својот поранешен учител. Марсело Биелса ја предводеше репрезентацијата на Аргентина и тие настапуваа заедно цели четири години, па Диего Симеоне сигурно добро ги знае сите методи, техники и тајни на Биелса.

Атлетико Мадрид одигра солидна сезона во шпанската Примера, а во Лига Европа имаат импресивна серија од 11 победи меѓу кои и оние од дуелите со Удинезе, Селтик, Лацио, Бешикташ, Хановер и Валенсија.

Во минатото овие две екипи се имаат сретнато 150 пати, но ниту еднаш во европско натпреварување. Атлетико Мадрид има извојувано 64, а Атлетик Билбао 59 победи.

Тешко е да се предвиди победникот на ваков дуел, но двете екипи негуваат напаѓачки фудбал, па сигурно е дека вечерва ќе гледаме одлична фудбалска претстава со повеќе голови.

9 мај 2012 - 11:17